Букри
Букри | |
![]() Мост на Црна во Букри за време на Првата светска војна | |
Координати 40°56′51″N 21°30′21″E / 40.94750° СГШ; 21.50583° ИГДКоординати: 40°56′51″N 21°30′21″E / 40.94750° СГШ; 21.50583° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | ![]() |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 587 м |
![]() |
Букри — историско село, сместено во Пелагонија, југоисточно од Битола, на реката Црна меѓу Долно Егри и Брод. Селото било раселено и на негово место биле создадени водните акумилации „Букри 1“ и „Букри 2“. Атарот на ова село денес се води под селото Кременица.
Селото се наоѓало в областа Пелагонија, југоисточно Битола, на реката Црна, меѓу Долно Егри и Брод.
Историја[уреди | уреди извор]
Во месноста Висок Рид кај Букри е откриена населба од бакарно и бронзено време. Се смета дека ова некогаш бил Линк, родниот град на Филип II Македонски. Во месноста Прогон (Букри)|Прогон и на Букришки Вис има некрополи од железно време.[2]
Во XIX век Букри било село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Егри Срѣдно имало 75 жители, сите Македонци христијани.[3][4]
Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Букри (Boukri) живееле 88 Македонци[3][5] под врховенството на Цариградската патријаршија.
Селото е иселено и на негово место се направени вештачките акумулации „Букри I“ и „Букри II“. Атарот е припоен кон с. Кременица.
Археолошки наоѓалишта[уреди | уреди извор]
- Прогон — некропола од железно време;
- Висок Рид — населба од бакарно и бронзено време;
- Букришки Вис — некропола од железно време;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 167-168.