Долно Оризари (Битолско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долно Оризари
Панорама на Долно Оризари.jpg

Панорама на селото Долно Оризари

Долно Оризари is located in Македонија
Долно Оризари
Местоположба на Долно Оризари во Македонија
Координати 41°3′1″N 21°22′45″E / 41.05028° СГШ; 21.37917° ИГД / 41.05028; 21.37917Координати: 41°3′1″N 21°22′45″E / 41.05028° СГШ; 21.37917° ИГД / 41.05028; 21.37917
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Bitola Municipality.svg Битола
Област Пелагонија
Население 1.834[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7204
Повик. бр. 047
Надм. вис. 564 м
Слава Велигден
Долно Оризари на општинската карта
Долно Оризари во Општина Битола.svg

Атарот на Долно Оризари во рамките на општината
Commons-logo.svg Долно Оризари на Ризницата


Долно Оризари — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Легендата за името на селото говори дека некогаш на ова место се одгледувал ориз, додека било наречено „долно“, бидејќи во областа постои и Горно Оризари.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селска чешма во селото

Селото се наоѓа во Пелагонија, во средишниот дел на Битолското Поле, недалеку од градот Битола, во северниот дел на територијата на Општина Битола.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 577 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 6 километри.[3]

Изразено полско село, североисточно од градот Битола. Соседни села се Горно Оризари, Карамани и Логоварди.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Драгорка, Сув Драгор, Калдрма, Средно Патче, Водејнчиште, Мера, Чивлачко Патче, Горно Патче и Секирица.[4]

Селото има збиен тип, додека куќите се групирани на три маала: Чивлак, Горно и Долно.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Куќи во Долно Оризари за време на Првата светска војна

Селото е нова населба. Според легендата, било основано кон крајот на XIX или почетокот на XX век. Основачи на селото биле поединечни македонски родови, поради што во селото не се пронајдени старини.[4]

Во XIX век, Долно Оризари било село во Битолската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 6,8 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 598,9 хектари, на пасиштата отпаѓаат само 8,6 хектари, додека шуми нема. Селото има исклучително полјоделска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Оризари живееле 440 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Оризари имало 216 жители, егзархисти.[6]

Со оглед на тоа дека селото е во близина на градот, тоа станало место за доселување. Така, во 1961 година броело 848 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.503 жители, македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Долно Оризари живееле 1.834 жители, од кои 1.828 Македонци, 4 Роми, 1 Влав и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 440 216 525 643 848 836 1.236 1.543 1.503 1.834
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Долно Оризари е македонско православно село, сите родови во селото се доселени.[4]

Родови во Долно Оризари се:

  • Најстари родови: Масларовци (5 к.), Стајевци (3 к.) и Враговци (1 к.), доселени се однекаде, првите два рода потекнуваат од ист предок; Клепачовци (5 к.), доселени се од селото Клепач, подалечно потекло од Преспанско; Беличовци (1 к.), деленици се од Клепачовци и Ѓоревци (3 к.), доселени се од некое село во Прилепско.
  • Понови родови: Јаковчевци (8 к.) и Јуруковци (1 к.), доселени се од Карамани; Коњарци (6 к.), доселени се од селото Коњари, не се знае дали Големо или Мало; Ќумковци (4 к.), потекнуваат од домазет доселен од Логоварди; Равановци (1 к.), доселени се од Породин; Демировци (1 к.), доселени се од Логоварди, таму припаѓале на родот Станоовци; Бенџовци (3 к.) и Спировци (4 к.), доселени се од Добромири; Шутаковци (4 к.), доселени се од Алинци; Крепиовци (2 к.), доселени се од Радобор; Ночевци (2 к.), доселени се од Свето Тодори; Чепеловци (1 к.), доселени се од Логоварди; Моријовци (2 к.), доселени се од Тепавци. Споменатото село е на граница со Мариово, и отука името; Српчани (3 к.), доселени се од Долно Српци; Чарлинци (1 к.), Карапашовци (3 куќи) и Вејкрпа (1 к.), доселени се од Долна Чарлија; Саздо (1 к.), доселени се од Мегленци; Штрковци (2 к.) и Стојчевци (1 к.), доселени се од Вирово, Железник; Ночевци (1 к.), доселени се од Слоештица, Железник; Трпевци (2 к.), доселени се од Струшко; Гркот (1 к.) и Петре (1 к.), доселени се од околината на Воден; Анѓелевци (4 к.), Бошковци (3 к.), Босилковци (3 к.), Кекеровци (3 к.), Басаровци (3 к.), Чакревци (2 к.), Лозановци (2 к.), Муслиовци (2 к.), Крстевци (1 к.) и Биртановци (1 к.), доселени се однекаде.

Поголемиот број на родови доселени се во селото уште во турско време, помлади се само доселениците од Железник, Егејска Македонија и Карапашовци, Српчани, Крепиовци и доселениците од Струшко кои се населени во селото после 1912 година.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште во селото, во десниот дел е сместена градинката

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Битола.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кукуречани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Логоварди, во која селото Долно Оризари, се наоѓале и селата Карамани, Логоварди, Оптичари, Поешево и Трн. Општината Логоварди постоела и во периодот 1950-1952.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат изборните места бр. 0041 и бр. 0042 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 1.481 гласач.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Петка“
Археолошки локалитети[12]
Цркви[14]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Велигден, третиот ден — селска слава[4]
  • Турнир во мал фудбал во чест на Бошко Најдовски. На турнирот учествуваат екипи од цела Пелагонија и Битола и е еден од најпосетуваните и најпопуларните турнири во Пелагонија, секоја година се пријавуваат над 40 екипи.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Долно Оризари

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следниве иселеници: Ѓелдиновци (2 к.), кои живеат во соседното Карамани.[4]

Исто така, од ова село има над 300 иселеници во САД, Австралија, Канада, Шведска, Германија и на други места во светот.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 7 октомври 2019. 
  2. 2,0 2,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. конс. 2019-10-10. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 107. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 10 октомври 2019 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345. https://www.worldcat.org/oclc/41961345. 
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 10 октомври 2019. 
  11. „Претседателски избори 2019“. конс. 10 октомври 2019. 
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 Д-р Гоце Наумов и Слободан Стојкоски, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Битола, 2015
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]