Крстоар

Крстоар (познато и како Крстовар и Христофор) — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Крстоар се наоѓа во подножјето на Баба Планина во Битолското Поле (Пелагонија), оддалечено 5,5 километри јужно од градот Битола.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крстоар имало 280 жители, сите Македонци.[1]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крстоар имало 256 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, селото Крстоар брои 167 жители, од кои 164 Македонци, 2 Срби и 1 останат.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:[3]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280[1] | 256[2] | 379 | 369 | 344 | 349 | 479 | 283 | 187 | 167 |
Родови[уреди | уреди извор]
Крстоар е македонско село.
Родови во Крстоар се:
- Староседелци: Ѓоревци (11 куќи), Јоновци (8 куќи), Кундевци (7 куќи), Јосифовци (3 куќи), Чанчуковци (3 куќи), Мочковци (2 куќи), Котевци (2 куќи) и Ѓелдановци (1 куќа).
- Доселеници: Ситновци (4 куќи) потекнуваат од предокот Пеше кој се доселил во втората половина на XVIII век, он се оженил со девојка од некој од староседелските родови; Видиновци (8 куќи) доселени се од некое село во Преспа; Гулевци (8 куќи) доселени се од некое место во денешна Албанија; Мошенци (4 куќи) доселени се во турско време од селото Сетина, леринско; Домазетовци (2 куќи) родот го основал домазет доселен од селото Клабучишта, леринско; Трифуновци (2 куќи) доселени се во турско време од Буково; Апостоловци (1 куќа) и Петревци (1 куќа) доселени се однекаде; Милошевци (2 куќи) доселени се после турското владеење од некое село во Преспа.[4]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 154 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 157 гласачи.[6]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[7]
- Црква „Св. Петар и Павле“ — главната селска црква изградена 1878 година;
- Црква „Св. Христифор“ - главна манастирка црква на Крстоарскиот манастир;
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — манастирка црква. Се наоѓа во месноста Сребрена Вода на 200 метра погоре од Св. Христофор;
- Црква „Св. Петка“ — црква во месноста Сребрена Вода;
- Црква „Св. Теодор Тирон“ — црква во месноста Сребрена Вода;
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Грамаѓе — населба од средниот век;
- Мирои Орници — базилика од старохристијанско време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Георги Поп Христов (1876 - 1962) — револуционер, војвода на ВМОРО, раководител на крилото на протогеровистите;
- Тодор Наумов Ѓоревски — македонски револуционер од ВМОРО.[9]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Иселеници од селото има во Битола, Скопје, прекуокеанските земји (САД, Канада и Австралија) и низ Европа.[10]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.[мртва врска]
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2021-07-17.