Прејди на содржината

Крстоарски манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крстоарски манастир
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Христофор“ - Крстоар
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1837
Посветен наСвети Христофор
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Свети Христофор“
Личности
Место
Местосело Крстоар, Општина Битола, Македонија Македонија
Координати40°59′22″N 21°20′29″E / 40.98944°N 21.34139°E / 40.98944; 21.34139
Видливи остатоципорта, црква, конаци, чешма
Отворен за јавностада
Други информации(Буковска парохија)

Крстоарски манастирманастир во битолското село Крстоар.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Манастирот се наоѓа еден километар југозападно над селото Крстоар и околу шест километри од Битола.[2] До манастирот може да се пристигне и од соседното село Буково од каде преку црквата „Воведение на Пресвета Богородица“, води пешачка патека. [3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Манастирот всушност е изграден на местото на старото село Крстоар, кое се наоѓа на 1 километар западно од денешното село, во месноста Габавци. Тоа мало село било напуштено кон крајот на XVIII век. Поради тоа, манастирот го дал името на селото.[4]

Градби во манастирот

[уреди | уреди извор]

Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, конакот, трпезаријата, како и други помошни објекти.

Црква „Св. Христофор“

[уреди | уреди извор]

Црквата во манастирот е подигната во 1837 година, а била обновена во 1926 година. Таа е еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток и влезови во наосот од запад и север, а има и директен пристап во олтарниот простор од југоисток.

Над северниот влез е поставена мермерна плоча со кратка историја за храмот. На западниот влез е насликан медалјон со Св. Христофер кој го држи малиот Христос на рамо.

Посебна градба во кругот на манастирот служела како конак.

За време на Првата светска војна во манастирот биле сместени трупи од војската на Антантата.

Во непосредна близина на црквата, на северна страна, се наоѓа чешма.

Параклиси

[уреди | уреди извор]

Во дворот на манастирот се наоѓаат два мали параклиса, „Св. Петка“ и „Св. Теодор Тирон“.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Каранфилов, тихомир (28 јуни 2017). „Крстоарски манастир „Св. Христофор". Македонска нација. Архивирано од изворникот на 2020-10-09. Посетено на 2020-01-09.
  3. Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Посетено на 9 јануари 2020.[мртва врска]
  4. Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 217-219. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]