Црква „Св. Петка“ - Цапари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Света Петка
Симнување од Крстот во Св. Петка Цапарска.jpg

Симнување од крстот, фреска во црквата

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Местоположба
Населено место Цапари
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Изградба 1849
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Света Петка или Света Параскева – православна црква во близина на битолското село Цапари, дел од Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од истоимениот манастир.[1][2]

Историја[уреди | уреди извор]

Се смета дека манастирот бил изграден во шеснаесеттиот век, во источните поли на Пелистер, југозападно од Цапари. До почетокот на осумнаесеттиот век бил доста запуштен, а во 1724 година го обновил отец Дионисиј.[2] Денешната манастирска црква датира од 1849 година.[2] Во 1995 година, црквата настрада од пожар што го запали иконостасот, иконите и најголемиот дел од инвентарот. Набргу потоа, таа била обновена со помош на локалните христијани.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Во архитектонски поглед, црквата е трокорабна псевдобазилика со впишан крст. На запад, има нартекс одделен од наосот со денивелација на подот и ѕидарски парапет во линија на последните два западни столба.

Туризам[уреди | уреди извор]

Националниот парк Пелистер пристапи кон обележување и уредување на пешачка патека која на сите вљубеници во природата и почитувачи на културното наследство ќе им овозможи обиколка на црквите и манастирите во потпелистерските села. Првиот дел од патеката започнува од селото Трново и води преку селата Магарево и Ротино до селото Цапари, додека нејзиниот втор дел минува крај црквите и манастирите во селото Маловиште.[3]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Св. Петка – манастир во с. Цапари". Bitola.info. Посетено на 8 јануари 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 "Манастирот Св. Петка - Цапари". Македонска нација. 14 јуни 2017. Посетено на 8 јануари 2020.
  3. Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер на семрежното место на Молика