Објект на Собранието на општина Битола на улица „Кирил и Методиј“ бр. 6
Објект на Собранието на општина Битола на улица „Кирил и Методиј“ бр. 6 | |
---|---|
Поглед на објектот | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | црковен имот |
Град | Битола |
Земја | Македонија |
Завршена | 1903 |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Објект на Собранието на општина Битола — архитектонско обележје во градот Битола, заведен како Културно наследство на Македонија под називот Објект на Собранието на општина Битола на улица „Кирил и Методиј“ бр. 6 под реден број 10 во Битола.[1][2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Се наоѓа на улицата „Св. Кирил и Методиј“ бр. 6. До него се наоѓа Објектот на Собранието на општина Битола на улица „Славко Лумбарко“ бр. 8.
Историја
[уреди | уреди извор]Изградена во 1903 година како сопственост на Свети Димитрија, катедралната црква на грчката Пелагониска епархија. Објектот се користел како административна зграда и бил даден на Францускиот конзулат во градот.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Архитектонскиот концепт на објектот е комбинација на станбена и јавна зграда. Нејзините архитектонски особености се чист француски неокласицизам - еден од најдобрите примери во Македонија. Јужната фасада е украсена со чисти класични форми со столбови дорски ред и балкон на катот во облик на колонада, кој образува отворена галерија. Фасадата е богато украсена со профилирања околу прозорците како и употреба на керамопластични украси во вид на розети над отворената галерија.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитено културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 31 март 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Миновски, Никола, НУ Завод и Музеј - Битола. „Француски Конзулат – Конзулска Битола“. Bitola.info. Посетено на 3 март 2022.