Прејди на содржината

Коџа-кади џамија

Координати: 41°1′42.78″N 21°19′40.22″E / 41.0285500° СГШ; 21.3278389° ИГД / 41.0285500; 21.3278389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Коџа-кади џамија
Коџа-кади џамија
Основни податоци
МестоБитола, Македонија
Координати41°1′42.78″N 21°19′40.22″E / 41.0285500° СГШ; 21.3278389° ИГД / 41.0285500; 21.3278389
ПрипадностСунитски ислам
Духовно-организациски статусСпоменик на културата
Статуснеактивна
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилотоманска архитектура
Завршен1529
Особености
Минариња1

Коџа-кади џамија или Коџа Ахмед-ефенди џамијамуслимански храм од шеснаесеттиот век во Битола, споменик на културата.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Џамијата се наоѓа на десната страна на реката Драгор во непосредна близина на Дрвен пазар и Јени амам (Нова бања). На јужната страна од комплексот, на другата страна од улицата, се наоѓа убава двокатна бегова куќа со голем двор. Се претпоставува дека има историска врска меѓу џамијата и двокатната куќа како и Јени амамот. На југозапад се наоѓаат гробишта (мезарлик) со неколку гробови во кои почиваат некои учени и дервиши: Ефгани Мехмед-ефенди, Хаџи Ибрахим-ефенди, Хафиз Али и др.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Џамијата била изградена во 936 година според хиџра (1529 година). Забележана била во регистерот на земјиште (тапи дефтер) во 1203 година според хиџра (1799 година). Била изградена заедно со медресата на Ахмед-ефенди по неговото назначување за кадија во Битола. За одржување на овие градби тој воспоставил вакаф, кој поради лошото управување бил уништен. Медресата била обновувана четири пати, но од почетокот на 20 век повеќе не постои.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Од целиот комплекс преживеала само џамијата и нејзиниот изглед е доста променет во однос на првичната градби бидејќи се користела како станбена зграда долги години.

Џамијата има едноставна правоаголна молитвена просторија со димензии 8,80 м на 8,50 м, со кров на четири води. Ѕидовите се убаво изѕидани со два реда хоризонтални тули околу клепан камен, а нивната дебелина изнесува 90 см. На страната на михработ има два прозорци со мермерни рамки и железни шипки и три помали, заоблени прозорци на горниот дел од ѕидот. Минарето се наоѓа на југозападната страна од молитвениот простор, а неговиот влез е од внатрешноста на храмот. Минарето е многуаголно, изработено од камен, а неговиот горен дел како и шерефето се делумно оштетени.

Внатрешноста на молитвениот простор била оштетена од станарите пред многу време, освен некои остатоци од нишата во михработ и рамниот дрвен таван. Главната влезна врата, украсена со дрворез одамна исчезнала.

Коџа-кади џамијата има одредени сличности со Егрика-ефенди џамијата која некогаш се наоѓала во близина, но највпечатлива сличност има со Искендер-пашината џамија во Канлика на Босфорот, дело на Мимар Синан, изградена 1559-1560 година.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1637. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. 2,0 2,1 2,2 Mihajlovski, Robert (2010). „The Sixteenth Century Mosques of Bitola/Toli Manastir“ (PDF). Патримониум. 7–8: 359. Посетено на 10 февруари 2020.