Гургур Тумба (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Macedonian archaeology stub icon.svg
Macedonian archaeology stub icon.svg
Археолошко наоѓалиште
Гургур Тумба
Гургур Тумба is located in Археолошки локалитет во Македонија
Гургур Тумба
Гургур Тумба
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 41°1′51″N 21°20′24″E / 41.03083°СГШ 21.34000°ИГД / 41.03083; 21.34000Координати: 41°1′51″N 21°20′24″E / 41.03083°СГШ 21.34000°ИГД / 41.03083; 21.34000
Основни податоци
Име Гургур Тумба
Место Битола
Општина Битола
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период неолитско време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Гургур Тумба — археолошки локалитет во Битола. Локалитетот претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во рамнината 2,5 km источно од градот, непосредно до индустриската зона каде што се наоѓаат фирмите „Битолатекс“, „Илинден“ и други претпријатија. Тумбата има правилна кружна основа со пречник од 250 m и височина од 3 m. Горните површински слоеви се оштетени од земјоделските работи. Во 1952 година Народниот музеј, во соработка со Филозофскиот факултет од Љубљана, вршел ископување, а во 1981 година е вршено ново сондажно ископување. Работите покажале дека е во прашање повеќеслојна населба, со културен слој од 3,40 m во кој се разграничуваат два хоризонта на живеење. Откриените многубројни фрагменти од керамички садови, орудија од коска, камен и кремен ја определуваат населбата како среднонеолитска, а ѝ припаѓа на велушко-породинската културна група. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069