Кале (Орехово)
Кале локално Марково Кале — археолошко наоѓалиште во битолското село Орехово. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 4 км северозападно од селото, на падините на планината Баба, каде на висок рид со зарамнето плато кое зафаќа површина од околу 2 ха, се гледаат ѕидови градени од камен и варов малтер, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Маркова Стапалка — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Орехово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |