Исток II (Оптичари)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Исток II
археолошко наоѓалиште
Исток II is located in Македонија
Исток II
Местоположба на Исток II во Македонија
Местоположба 40°59′10″N 21°25′15″E / 40.98611° N; 21.42083° E / 40.98611; 21.42083Координати: 40°59′10″N 21°25′15″E / 40.98611° N; 21.42083° E / 40.98611; 21.42083
Основни податоци
Место Оптичари
Општина Битола
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Исток II археолошко наоѓалиште во битолското село Оптичари. Ноаѓалиштето претставува населба од неолитско време. Во близина на веќе истражениот локалитет „Тумба“ се пронајдeни уште две нови помали тумби кои поради своите позиции најверојатно претставуваат дел од една населба. Тие се наоѓаат на 3 km источно од „Тумба“, а лоцирани се веднаш една до друга. Иако можат да се констатираат две засебни помали тумби, сепак набљудувани од страна тие функционираат како еден локалитет. Единствено преку идни истражувања би можело да се утврди дали тие биле активни во исто време или пак едната била основана подоцна и постепено странично се напластила врз постарата тумба. Во секој случај, и за двете тумби се земени независни коти, иако е пресметана вкупната површина што тие заедно ја зафаќаат. Во источниот дел, едната од нив е пресечена од канал за наводнување, така што пресметената зафатнина не ја дава целосната слика за вкупната површина. Што се однесува до археолошкиот материјал, се забележува присуство на предисториска и античка керамика. Дел од овој материјал има истакнато груба и невообичаена фактура со мноштво примеси на калцити, па не може да се утврди дали керамиката е неолитска, бронзенодобна или пак средновековна[1].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]