Братин Дол
Братин Дол — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
На ова место порано немало населба. Населбите постоеле во Трново и Магарево. Во овие села живееле одвоено еден од друг со семејствата двајца браќа кои многу се сакале. Едниот во Трново, другиот во Магарево. Еден ден братот што живеел во Трново го загубил магарето кое пасело трње. Го барал и кај брата си, но не го нашол. Го барал, го барал и на крајот го нашол во некој дол. Тогаш тој дол бил наречен Братин Дол или Братиндол. Кога подоцна овој дол бил населен, името му останало и понатаму исто.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Братин Дол живееле 250 жители, од кои 150 Албанци и 100 Македонци.[2]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Братин Дол имало 40 патријаршисти.[3]
Според пописот 2002 селото брои 205 жители од кои: 166 Македонци, 33 Албанци, 3 Власи и 3 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 146 жители, од кои 115 Македонци, 1 Албанец и 30 лица без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под.[5] | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 281 |
1953 | 227 | 12 | 62 | — | 6 | 1 | ... | — | — | 308 |
1961 | 240 | 4 | 30 | ... | ... | — | ... | 6 | — | 280 |
1971 | 223 | 33 | 1 | — | ... | — | ... | 2 | — | 259 |
1981 | 269 | 31 | — | — | — | — | ... | 4 | — | 304 |
1991 | 177 | 32 | — | — | — | — | — | 2 | — | 211 |
1994 | 166 | 8 | — | — | 1 | — | — | 1 | — | 176 |
2002 | 146 | 33 | — | — | 3 | — | — | 3 | — | 185 |
2021 | 120 | 34 | — | — | 6 | — | — | 4 | 4 | 168 |
Родови[уреди | уреди извор]
Братиндол е мешано македонско-влашко-албанско село, сите родови во селото се доселенички.
Албански родови:
- Доселеници: Абдуловци (3 куќи), Ислаиловци (2 куќи) и Личевци (1 куќа) доселени се од Јужна Албанија. Во Абдуловци се знае следното родословие: Ќемал (жив на 45 г. во 1951 година) Џемал-Осман-Абдула-Љуман кој се доселил од Јужна Албанија.
Македонски родови:
- Доселеници: Наумчевци (10 куќи) и Ѓорчевци (6 куќи) овие две рода потекнуваат од двајца браќа Наумче и Ѓорче. Доселени се од кај Ќафасан во Струшко или Албанија. Во родот Наумчевци се знае следното родословие: Миле (жив на 74 г. во 1957 година) Најдан-Наумче кој се доселил; Арпаловци (5 куќи) доселени се после претходниот род однекаде; Снегаровци (4 куќи) доселени се од селото Снегово, го знаат следното родословие: Стеван (жив на 40 г. во 1957 година) Штерјо-Стојче, кој се доселил; Петковци (3 куќи) доселени се од раселеното село Црн Врв над Секирани, се доселил Кузе како дете од 10 години со неговиот татко Гроздан; Поповци (5 куќи) доселени се од Градешница во Мариово во 1909 година; Велковци (1 куќа) доселени се од селото Луково во Дримкол; Блаже (1 куќа) доселени се од селото Завој во Охридско; Митовци (1 куќа) доселени се од селото Цер во Железник. Куќите ги подигнале 1км подалеку од селото.
Влашки родови:
- Доселеници: Алтипармаковци (2 куќа) доселени се од селото Трново. По дома зборуваат на влашки јазик.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 132 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 148 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[9]
- Црква „Вознесение Христово“ — главната селска црква градена во 1925/26;
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Св. Спас — црква и некропола од средниот век;
- Стари Лозја — населба од римско време;
- Магарешко Мовче — римски пат;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Јосиф Најденовски (1923-1944) - партизан, учесник во НОБ;
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Секоја година на патеката во селото Братин Дол се одржува традиционалната трка во мотокрос.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069