Секирани
Секирани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Битолското Поле, од десната страна на реката Шемница, оддалечено 15 километри северно од Битола.
Историja[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Секирани живееле 160 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Секирани имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, селото Секирани брои 114 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160[1] | 120[2] | 268 | 314 | 372 | 344 | 395 | 142 | 126 | 114 |
Родови[уреди | уреди извор]
Секирани е македонско село.
Родови во Секирани се:
- Староседелци: Гушевци (5 куќи), Калајџиовци (2 куќи) и Димчевци (2 куќи)
- Доселеници: Сиљановци (8 куќи) доселени се од селото Обедник во Железник, кое во 1912 година е затекнато како албанско; Драгарци (4 куќи) доселени се од селото Драгарино; Шалевци (5 куќи) доселени се од соседното село Габаловци, и таму се доселени однекаде; Стојановци (4 куќи) доселени се на крајот од XIX век од раселеното село Кочишта; Штерјовци (1 куќа) доселени се од селото Лисолај; Трајковци (1 куќа) доселени се од некое прилепско село; Кочиштани (3 куќи) доселени се од раселеното село Кочишта; Чагорци (1 куќа) доселени се во 1926 година од селото Чагор.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 199 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 100 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Trifunoski F., Jovan (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |