Средно Егри
Средно Егри — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Средно Егри се наоѓа во јужниот дел на плодното Битолското Поле, на територијата на Општина Битола. Селото е рамничарско, на надморска височина од 578 метри. Од градот Битола е оддалечено 19 километри. До селото има асфалтиран пат. Изграден е водовод за снабдување на населението со чиста и здрава вода за пиење.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во османлиските дефтери од 1468 година со 31 христијанско семесјтво, а во 1568 годинало селото ималио 28 христијански семејства.[2]
Подоцна во 1638 година (помеѓу 1 и 10 септември), селото се споменува како Средно Јегри, во една тужба покрената од нејзин жител - Трифче, против Евреинот Ментеш од Битола, за присилно преземање на службата кербан-башија.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Средно Егри живееле 190 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Средно Егри имало 680 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според пописот во 2002, во селото има 299 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 219 жители, од кои 209 Македонци, 1 останат и 9 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 190 | 264 | 357 | 429 | 545 | 527 | 637 | 623 | 348 | 299 | 219 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови[уреди | уреди извор]
Средно Егри е македонско село
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Пандиловци (9 к.), Дадалевци (7 к.), Размовци (4 к.), Митановци (3 к.), Стевовци (2 к.), Поповци (1 к.) и Јованови (3 к.) последните се гранка од родот Размовци.
- Доселеници: Козмевци (5 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Добровени, таму биле староседелци; Димулевци (4 к.) потекнуваат од предокот Атанас кој се доселил како домазет кон крајот на XIX век од селото Велесело; Букрени (4 к.) доселени се од селото Букри; Крстевски (2 к.) доселени се во турско време од селото Велушина. Таму припаѓале на родот Јанкуловци. Подалечно потекло од Преспа; Трајчевци (2 к.) доселени се од селото Горно Егри; Пртеничковци (5 к.) доселени се од селото Горно Агларци; Петковци (1 к.) доселени се од селото Поешево; Марковци (3 к.) исто така доселени се од селото Поешево; Поповци (1 к.) доселени се од селото Велушина; Јованови (1 к.) доселени се од селото Жабјани; Чалои (1 к.) потекнуваат од посинок доселен од селото Поешево; Мирчевци (1 к.) доселени се од селото Лажец; Милановци (3 к.) родот го основал домазет кој во 1918 година овде бил војник и останал во селото. Основачот на родот е доселен од селото Горње Пеуле кај Травник; Цветкови (1 к.) доселени се од селото Долно Егри.[11]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Во селото Егри работи основно училиште до IV одделение, како дел од подрачното ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Бистрица. Играорна група Етно Илинден, Амбуланта , 3 фабрики , 2 продавници. Црква i Манастир
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 141 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Горно Егри.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[11]
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — главната селска црква, изградена 1830 г.
- Црква „Св. Димитриј“ од доцното средновековие, обновена во XX век.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Се знае за следните постари иселеници во селата Граешница (Јанкуловци), Лавци (Доневи), Оптичари (Божинови). Од селскиот род Јованови има иселеници во Битола (едно семејство).[11]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери от ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагонија и Преспа, во: Прилози ХLІV 1 – 2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 153.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија прва (1980). Скопје: Архив на Македонија. Стр.41
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 168 – 169.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
== Надворешни врски ==