Добровени
Добровени | |
Координати 40°57′59″N 21°37′0″E / 40.96639°СГШ 21.61667°ИГДКоординати: 40°57′59″N 21°37′0″E / 40.96639°СГШ 21.61667°ИГД | |
Општина | Општина Новаци |
Население | 18 жит. (поп. 2002) |
Надм. вис. | 724 м |
Слава | Митровден |
Добровени на општинската карта | |
![]() |
Добровени е село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во долината на Црна Река, југоисточно од Битола. Селото Добровени се наоѓа на крајниот југоисточен дел на Битолското Поле. Низ него поминува асфалтиран главен пат што води од Битола за Старавина. Од Битола е оддалечено 33 км. Селото е рамничарско на надморска висина од 580 метри. Во непосредна близина, од северната страна, тече Црна Река. Жителите се Македонци. Соседни села се: Скочивир, Сливица, Брод, Бач и Живојно. Атарот зафаќа површина од 15.3 км2. На него преовладуваат пасиштата, а обработливо земјиште е само 433,2 ха. Населбата има полјоделско-сточарска функција1 Населбата е електрифицирана во 1957 година, водовод не е изграден, а населението со вода за пиење се снабдува од две јавни чешми. Патот е асфалтиран во 1988 година.
Историja[уреди | уреди извор]

Името на селото Добровени за прв пат се среќава во турските пописни дефтери од 1468 година каде е запишано како Добровјани. Во тоа време биле регистрирани 41 христијански семејства со 205 жители. Во прегледот на жителите стои забележано, меѓу другите, и името на поп Калојан 2. Во основата на името на селото е името Добре, Добреш и сл. Подоцна името на селото се видоизменило и го добило денешното име Добровени. Изградиле христијански храм во 1886 година посветен на светецот Свети вмч. Димитриј Солунски, а селска слава им е Митровден кој се празнува на 8 ноември.
Економија[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 селото брои 18 жители, сите Македонци. Во Добровени живееле и сега живеат Македонци. Српската власт по Првата светска војна извршила колонизација на селото. Така од 1929 година па до 1938 год. биле доселени вкупно 5 српски семејства.4, За времето на бугарската окупација во 1941 година, српските колонисти биле протерани. Најголем број на жители имало во 1961 година 362 жители. Во 2010 година селото имало 10 жители.
Родови[уреди | уреди извор]
Добровени е македонско православно село, во селото има староседелски и доселенички родови. Родови во Добровени се: Наумчевци (3 куќи), Тодоровци (2 куќи), Кулевци (2 куќи), Белчевци (1 куќа), Печковци (1 куќа), Петревци (10 куќи), Јанаќијевци (5 куќи), Новчевци (2 куќи), Цингаловци (3 куќи), Ристевци (1 куќа), Зунини (1 куќа) и Нолевци (1 куќа) староседелски родови, кои живееле во месноста Старо Село, во атарот на Добровени; Мијаковци (4 куќи) доселени се од мијачкиот крај, они најпрво оделе во околината на Солун, каде паселе стока, но потоа го напуштиле сточарскиот живот, и се населиле во Добровени; Поповци (5 куќи) доселени се во турско време од селото Сливица; Кулевци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Скочивир, Мариово, и овде влегол во родот Наумчевци; Јотовци (1 куќа) доселени се од селото Сливица; Љатевци (1 куќа) доселени се од селото Полог; Димовци (3 куќи) доселени се од селото Скочивир.[1]
Општествени институции[уреди | уреди извор]
Администрација и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[2]
- Црква „Св. Димитриј“ - главната селска црква;
- Археолошки локалитети[3]
- Старо Село - населба од римско време;
- Споменици
- Српски војнички гробишта за падните војници од Првата светска војна;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Кољо Добровенски (? - 1904) - македонски револуционер;
- Најдо (? - 1902)- македонски револуционер, четник на Дине Кљусов, син на Кољо Добровенски;
- Слободан Најдовски (р. 1961) - македонски политичар, пратеник ва ЛДП
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|