Слободан Најдовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Слободан Најдовски (роден 1961 година во с.Добровени Битолско)[1] е македонски политичар и политички аналитичар. Има завршено високо образование по економски науки, а говори и руски јазик.[2] Бил пратеник во Собранието на Република Македонија како член на ЛДП за време на три пратенички мандати. Тогаш извесен период ја извршувал должноста потпретседател на Собранието на РМ.[3]

Освен политички, Најдовски обавувал и други функции. Во периодот 1990-1994 бил раководител на Битолска Пивара, додека од 1999 до 2002 г. бил директор на ЈП Пазари од Битола. Најдовски моментално пишува колумни за Утрински Весник.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Слободан Најдовски“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 20 август 2013.
  2. „30 пратеници не знаат англиски“. Вечер. 3 мај 2007. Посетено на 20 август 2013.
  3. „ВМРО ДПМНЕ: Потпретседателот Најдовски да ја закаже конститутивната седница“. ИдиВиди. 14 јули 2006. Посетено на 20 август 2013.
  4. „Осум битолски пратеници на работ на социјални случаи“. Нова Македонија. 2009. Посетено на 20 август 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]