Тепавци
Тепавци (уште познато и како Теповци) — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Тепавци се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, односно јужниот дел на Општина Новаци од левата страна на Црна Река. Селото е ридско на надморска височина од 750 метри, а од градот Битола е оддалечено 23 километри.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тепавци живееле 354 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Тепавци имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, селото брои 25 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 354[1] | 320[2] | 396 | 454 | 432 | 303 | 248 | 43 | 44 | 25 |
Родови[уреди | уреди извор]
Тепавци е македонско село.
Според податоците од 1953 година, родови во селото се:
- Доселеници: Мифковци (16 к.), Слабовци (6 к.), Радевци (1 к.), Бојковци (21 к.), Стрезовци (3 к.) и Мајловци (1 к.) потекнуваат од основачите на селото, кои биле 4 браќа, и кои се доселиле во XVIII век од околината на Корча во Албанија. Бојковци се делат на следните гранки Котевци, Димовци, Марковци, Романовци, Сиќировци и Цветковци; Орџановци (4 к.) доселени се однекаде, имаат роднини од Тепавци во Невеска, леринско, денес во Грција; Положановци (2 к.) доселени се од селото Полог.
- Православен ромски род: Неделковци (1 к.) овде живеат од турско време, основачот на родот бил Ковач. Брачни врски одржуваат со православните Роми од другите села.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ од XIX век
- Црква „Св. Архангел Михаил“ од поново време
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 166 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Гнилеш.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од ова село иселеници има во Велесело (Ќутевци, Петковци и Кочовци), Брод (Велјановци), Долно Оризари (Моријовци), Балдовенци (Митревци), Бач (Тепаски). Околу 5 семејства до 1953 година се иселиле во Битола. Целосно се иселиле Пиперковци во Америка. Биле деленици од родот Бојковци.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|