Груништа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Груништа
Поглед на Груништа.jpg

Поглед на селото

Груништа во рамките на Македонија
Груништа
Местоположба на Груништа во Македонија
Груништа на интерактивна карта

Карта

Координати 41°3′6″N 21°41′42″E / 41.05167° СГШ; 21.69500° ИГД / 41.05167; 21.69500Координати: 41°3′6″N 21°41′42″E / 41.05167° СГШ; 21.69500° ИГД / 41.05167; 21.69500
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Novaci Municipality.svg Новаци
Област Мариово
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7000
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02032
Надм. вис. 800 м
Груништа на општинската карта
Груништа во Општина Новаци.svg

Атарот на Груништа во рамките на општината
Commons-logo.svg Груништа на Ризницата


Груништа (поретко: Груниште) — раселено село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува од неговиот прв жител, кој се нарекувал Груно.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, од десната страна на Црна Река. Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Новаци.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Лежи непосредно до локален земјен пат, кој се издвојува од регионалниот пат 1311. Од градот Битола е оддалечено 52 километри,[3] додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 44 километри.[2]

Селото никогаш не било поврзано со електрична енергија.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Според кажувања на постарите, селото било основано во 1545 година, кога наводно прв се населил бочварот Грујо од селото Грумази.[5]

Селото било силно погодено за време на Првата светска војна, поради близината на Солунскиот фронт. Во негова близина се одвивала познатата битка за Грунишки Вис.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот има средна големина и зафаќа простор од 18,2 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.229,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 352,6 хектари, а на шумите отпаѓаат 190,2 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]

Населението се занимавало со сточарство, лов, риболов, пчеларство, грнчарство и трговија. Најмногу одгледувале овци и кози, а мештаните биле особено познати по своето мариовско тепано сирење.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948240—    
1953264+10.0%
1961225−14.8%
197184−62.7%
198126−69.0%
ГодинаНас.±%
199120−23.1%
19943−85.0%
20023+0.0%
20210−100.0%

Демографски статистики за селото Груништа во османлискиот период:

Османлиски дефтер Домаќинства Неженети Вдовици Годишен приход
Дефтер № 4 от 1476/77 г. 6 275
Дефтер № 16 от 1481/82 г. 6 163
Дефтер № 73 от 1519 г. 18 2 914
Дефтер № 149 от 1528/29 г. 10 2 1 639
Дефтер № 232 от 1544/45 г. 12 1 637

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Груништа живееле 240 жители, сите Македонци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Груништа имало 240 Македонци, патријаршисти.[7]

Селото е мало, како што се и повеќето мариовски села, со тенденција на раселување. Во 1961 година селото броело 225 жители, додека во 1994 година бројот се намалил само на три жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Груништа живееле 3 жители, сите Македонци.[8]

Во 2008 година, според неофицијални податоци, селото било раселено.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 240 240 264 225 84 26 20 3 3 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Најголем дел од населението е иселено во градот Битола, како и во прекуокеанските земји.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Груништа било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.

Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Старавина, во која покрај селото Будимирци, се наоѓале и селата Градешница, Груништа, Зовиќ и Старавина.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0177 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект на општината во селото Будимирци.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[2]
Манастири
Реки[16]

Личности[уреди | уреди извор]

Починати во Груништа

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2021-11-14.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 88. Посетено на 14 ноември 2021.
  4. Macedonia, OFF ROAD (2015-08-26). „Груниште, Мариово – фото галерија | OFF ROAD Македонија“. Посетено на 2021-11-14.
  5. „Груништа ®“. mariovo.mk. Посетено на 2021-11-14.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 ноември 2021.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Локални избори 2021“. Посетено на 7 ноември 2021.
  16. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 25. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]