Гнилеш
Гнилеш или Гнилеж — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е ридско на јужните огранки на Селечка Планина, сместено на надморска височина од 894 метри, а од Битола е оддалечено 26 километри.
Во атарот на Гнилеш, на околу 4,5 км северно од селото се наоѓало поранешното село Ченгел.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Во 2014 г. името на дотогашното Гнилеж официјално му е сменето во Гнилеш.[2]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гнилеж живееле 130 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Гнилеш имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002, селото брои само 5 жители, сите Македонци.[5]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 130[3] | 128[4] | 147 | 170 | 165 | 77 | 23 | 6 | 6 | 5 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 166 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година.
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237
- ↑ 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|