Прејди на содржината

Далбеговци

Координати: 41°6′30″N 21°28′27″E / 41.10833° СГШ; 21.47417° ИГД / 41.10833; 21.47417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Далбеговци

Поглед на селото

Далбеговци во рамките на Македонија
Далбеговци
Местоположба на Далбеговци во Македонија
Далбеговци на карта

Карта

Координати 41°6′30″N 21°28′27″E / 41.10833° СГШ; 21.47417° ИГД / 41.10833; 21.47417
Регион  Пелагониски
Општина  Новаци
Област Пелагонија
Население 144 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7212
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02034
Надм. вис. 582 м
Слава Велигден
Далбеговци на општинската карта

Атарот на Далбеговци во рамките на општината
Далбеговци на Ризницата

Далбеговци — село во областа Пелагонија, во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Селото се сретнува и под името Далбекли.[2]

Името на селото веројатно потекнува од турски бег, кој го поседувал селото.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Пелагонија, во средишниот дел на Битолското Поле, во северниот дел на територијата на Општина Новаци, од левата страна на Црна Река.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 592 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 23 километри.[4]

Полско село, североисточно од градот Битола. Соседни села се Дедебалци, Радобор, Долно Агларци и други.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Карталица, Слатина, Гладно Поле, Ајдере, Рикало, Метилајнца, Браненица, Стари Лозја, Торнејци, Матмиица, Крстоец, Брегои, Аџиица и Дукојца.[3]

Селото има збиен тип, додека одредени делови на куќите се именувани по родови: Манаовци, Шиндевци и други.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во месностите Торнејца, Слатина и Тумба, во нивите се наоѓаат ќерамиди, бакарни пари и некои темели.[3]

Денешното село не е многу старо. Основано е во XVIII век, заедно со околните села Горно и Долно Агларци.[3]

Прв населен род биле Шиндевци, а потоа дошле и останатите.[3]

Во XIX век, Далбеговци било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот е мал и зафаќа простор од 5,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 491,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 31,2 хектари, додека шуми нема. Селото има исклучително полјоделска функција.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948377—    
1953435+15.4%
1961474+9.0%
1971395−16.7%
1981410+3.8%
ГодинаНас.±%
1991291−29.0%
1994187−35.7%
2002178−4.8%
2021144−19.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Далбеговци живееле 340 жители, од кои 255 Македонци и 85 Турци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Далбеговци имало 144 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Далбеговци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 22 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Во Далбеговци населението речиси се преполовило. Така, во 1961 година селото броело 474 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 187 жители, македонско население.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Далбеговци живееле 178 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 144 жители, од кои 142 Македонци и 2 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 340 144 377 435 474 395 410 291 187 178 144
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Далбеговци е македонско православно село, сите родови во селото се доселени.[3]

Родови во Далбеговци се: Шиндевци (6 к.), се викаат и Соклевци, најстар род во селото, не знаат од каде се доселени; Мановци (12 к.), доселени се од селото Бешиште, Мариово, овде живеат од крајот на ХVIII век, го знаат следното родословие: Коле (жив на 72 г. во 1951 година) Илија-Стојо-Коле-Јоан, кој се доселил во селото; Најдовци (9 к.), Тодоровци (3 к.), Џанкуровци (5 к.) и Ѓалевци (6 к.), доселени се однекаде; Ежовци (6 к.), доселени се однекаде, имаат деленици во Мегленци и Србиновци (2 к.), доселени се после 1918 година, пред тоа живееле во Марул и Дедебалци.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Подрачното основно училиште во селото
Месна заедница

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Новаци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Новаци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Далбеговци, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горна Чарлија, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Селото било дел од некогашната општина Дедебалци во периодот 1950-1952, во која влегувале следниве села: Арматуш, Горно Агларци, Далбеговци, Дедебалци, Долно Агларци и Црничани.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0160 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 127 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Воскресение Христово“
Археолошки наоѓалишта[17]
  • Калајџица — населба и некропола од римско време;
  • Тумба — некропола од римско време; и
  • Батаци — некропола од римско време.
Цркви[18]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
  • Велигден, третиот ден — селска слава[3]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Се знае за следниве иселеници: Салиовци (5 к.), кои живеат во Радобор; Шкрепа (1 к.), живее во Долна Чарлија; Бегунци (1 к.), живеат во Заполжани. Од родот Шиндевци има иселеници во соседното Долно Агларци. Од родот Србиновци има иселеници во Поешево и Долно Агларци.[3]

Исто така, од ова село има над иселеници во градовите Скопје и Битола, но и во прекуокеанските земји и Европа.[2]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-10-05. Посетено на 2019-10-11.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 91. Посетено на 11 октомври 2019.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 237.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 октомври 2019.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 11 октомври 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-10-07. Посетено на 11 октомври 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]