Ченгел (село)
Ченгел — историско село во Битолско, денес на територијата на Општина Новаци.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓало на источната падина на Селечка Планина, источно од Битола, меѓу селата Паралово на северозапад, Ивени на североисток, Гнилеш на југозапад и Полог на југоисток. Денес местото е во атарот на Гнилеш.
Историја[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ченгел живееле 95 Македонци христијани.[2][3]
На почетокто на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ченгел (Tschenghel) имало 80 Македонци под ехзархијата.[2][4]
Селото настрадало од грчки андартски напади во 1906 г.[5]
Според други податоци, на почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Во пописот од 1908 г. жителите на Ченгел, заедно со оние на селото Полог се погрешно заведени како „Грци“ поради припадноста кон патријаршиската црква, што предизвикало револт во двете села.[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 237
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония, том II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 224.
- ↑ Воин, Божинов (1982). Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913. София: Българска академия на науките. стр. 227.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|