Арматуш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Арматуш
Поглед на Арматуш.jpg

Поглед на селото

Арматуш is located in Македонија
Арматуш
Местоположба на Арматуш во Македонија
Координати 41°05′48″N 21°31′36″E / 41.09667° СГШ; 21.52667° ИГД / 41.09667; 21.52667Координати: 41°05′48″N 21°31′36″E / 41.09667° СГШ; 21.52667° ИГД / 41.09667; 21.52667
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Novaci Municipality.svg Новаци
Население 41[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7212
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02002
Надм. вис. 840 м
Слава Бајрам
Арматуш на општинската карта
Арматуш во Општина Новаци.svg

Атарот на Арматуш во рамките на општината
Commons-logo.svg Арматуш на Ризницата


Арматуш — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа североисточно од градот Битола, во северниот дел на територијата на Општина Новаци.[2] Селото е сместено на западната падина на Селечка Планина. Селото е ридско, на надморска височина од 840 метри, сместено на неколку километри оддалеченост меѓу два второстепени локални патишта, а од градот Битола е оддалечено 22 километри.[2] Од општинското средиште Новаци е оддалечено околу дванаесет километри.[3]

Арматуш е мало планинско село на источниот раб од Пелагонија. Соседни села се Црничани на север, Мегленци на југ, Агларци на запад и други. Во селото се наоѓаат две чешми.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Големо Брдо, Кутлишта, Елмазица, Поројница, Бања, Студенец, Илјада-Педесет, Ѓупска Леска и Плоча.[4]

Селото има збиен тип, распоредено во насока исток-запад. Може да се подели на две групи на куќи долж сувиот дол.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Првпат името на селото се среќава во еден турски документ од 1680 година.[3]

Арматуш е старо село, најпрво населено со македонско население. Кон крајот на турското владеење земјата од ова село му припаѓала на Азис-ага од Битола, а жителите биле чифчии.[4] Според други извори, првите селани биле муслимани и имале за задача да го чуваат редот и мирот во Битолското Поле, а покрај тоа и да го следат револуционерното движење на македонскиот народ, поради што биле замразени од соседните села со македонско население.[3]

За време на Првата светска војна поради близината на фронтот селото било раселено. После војната, земјата од Азис-ага ја купил Веле Трајкоски-Јама, месар од Битола. Веле преку свои слуги ја обработувал дел од земјата и чувал стока. Без постојано население селото останало околу 30 години.[4]

Во 1946 година, државната власт ја одзела земјата на споменатиот сопственик и ја поделила на новонаселените албански семејства.[4]

За време на Југославија, војската на ЈНА правела вежби на овие простори.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мал и зафаќа простор од 5,4 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 367 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 104,8 хектари, а на шумите 66 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Доселените албански семејства по Втората светска војна ја обработувале целата земја во атарот и чувале доста стока.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194874—    
195394+27.0%
196155−41.5%
197131−43.6%
ГодинаНас.±%
198134+9.7%
199140+17.6%
199439−2.5%
200241+5.1%

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Арматуш имало 24 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Арматуш и пред повеќе од 30 години било мало село. Во 1961 година селото броело 55 жители, од кои 51 бил Турчин, а четири жители Македонци, додека во 1994 година бројот се намалил на 39 жители, турско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Арматуш живеел 41 жител, од кои 25 Турци и 16 Албанци.[1]

Во 2008 година, во селото имало 16 жители, додека во 2018 година селото броело околу 30 жители, од кои 10 се деца.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 24 74 94 55 31 34 40 39 41
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Арматуш е албанско муслиманско село.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1953 година родови во селото се:

  • Доселеници: Салијевци (8 к.), доселени се 1946 година од селото Снегово, таму се доселени од јужна Албанија; Мединовци (4 к.), и тие се доселени од Снегово во 1946 година, и нивното подалечно потекло е од јужна Албанија; Узеировци (1 к.) и Алимовци (1 к.), доселени се во 1946 година од Снегово, и нивното подалечно потекло е од јужна Албанија; Џаферовци (2 к.), доселени се во 1946 година од селото Лера, подалечно потекло од јужна Албанија; Шемовци (1 к.) и Гани (1 к.), доселени се 1946 година од селото Обедник, Железник, подалечно потекло од северна Албанија (по потекло Геги).

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1912 година, во селото живееле семејствата Златевци, Дукоски, Мице Куле, Тале Србинот, Китан Волкан, Јовановци и Крсте. Некои од овие семејства биле доселени од околните села.[4]

За време на Првата светска војна и раселувањето на селото, се знае за следниве иселеници: Главновци (3 к.) во Мегленци и Тале Србинот во Далбеговци.[4]

Исто така и следниве се иселиле од селото: Волкановци (2 к.) во Долно Агларци, Димчевци (3 к.), живеат во Црничани, Шкорлевци (2 к.) прешле во Врањевци и други.[4]

Од албанските семејства, едно семејства од Узеировци заминала во Мусинци, додека по 1961 година од селото се иселиле уште десет други албански семејства.[4]

Дел од населението е иселено во Битола, Турција и Германија.[3]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед во селото
Панорама на селото

Во XIX век, Арматуш било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Новаци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Новаци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која покрај селото Арматуш, се наоѓале и селата Алинци, Будаково, Горна Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Селото било дел од некогашната општина Дедебалци во периодот 1950-1952, во која влегувале следниве села: Арматуш, Горно Агларци, Далбеговци, Дедебалци, Долно Агларци и Црничани.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0167 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Мегленци.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 56 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[4]
  • Во селото постоела црква „Св. Атанасиј“, во чија чест била и поранешната селска слава. Околу црквата се наоѓале и некогашните христијански гробишта. Остатоци од црквата и гробиштата од долната страна на селото можеле јасно да се воочат до 1946 година. Истата година, со доселувањето на албанските семејства, овие остатоци биле отстранети.
Реки[12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 14. Посетено на 1 ноември 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2021-11-01.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Локални избори 2021“. Посетено на 1 ноември 2021.
  12. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 8. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]