Добромири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добромири е село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Добромири
Добромири is located in Македонија
Добромири
Местоположба на Добромири во Македонија
Координати 41°4′9″N 21°27′20″E / 41.06917° СГШ; 21.45556° ИГД / 41.06917; 21.45556Координати: 41°4′9″N 21°27′20″E / 41.06917° СГШ; 21.45556° ИГД / 41.06917; 21.45556
Општина Општина Новаци
Население 345 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 576 м
Добромири на општинската карта
Добромири во Општина Новаци.svg

Атарот на Добромири во рамките на општината
Commons-logo.svg Добромири на Ризницата


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на западната страна на Селечка Планина, 15 км источно од Битола.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Битолската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Добромири живееле 416 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Добромири имало 216 Македонци егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 селото брои 345 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 416[1] 216[2] 316 457 597 552 565 405 368 345

Родови[уреди | уреди извор]

Добромири е македонско село.

Родови во селото се: Поповци (5 к.), Пајевци (4 к.) и Богдановци (1 к.) староседелски родови; Калајџиовци (3 к.) и Клештовци (3 к.) доселени се од селото Долно Агларци, вториот род таму има истоимени роднини; Апчевци (2 к.) деленици од родот Клештовци; Мајсторовци (3 к.) доселени се од селото Суводол; Могилци (2 к.) доселени се од селото Могила; Шкорлевци (3 к.) имаат истоимени роднини во Врањевци и Подмол. Овде се доселени од Враневци. Подалечно потекло од селото Арматуш; Кајмаковци (1 к.) доселени се од селото Трн; Мијовци (1 к.) и Трајановци (1 к.) доселени се однекаде; Ганчовци (4 к.) доселени се во 1923 година од околината на Лерин; Зафировци (3 к.) доселени се во 1925 година од некое село во близина на Корча; Албанци (4 к.) се делат на Пачевци и Бузевци, доселени се во 1926 година од некое село во Албанија, во близина на Св. Наум, тие се Власи, и сега дома зборуваат на влашки; Трничани (1 к.) доселени се од селото Трн; Ковачи (2 к.) доселени се од Беранци; Мушика (1 к.) доселени се од Врањевци, каде биле староседелци и имаат истоимени роднини (Мушиковци); Бојиштани (12 к.), Лесковчани (9 к.), Вировци (1 к.), Сопотничани (1 к.) и Добреновци (1 к.) доселени се од поедини села во Железник и Копачка по завршувањето на Втора светска војна.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[6]
  • Црква „Св. Никола“ - главната селска црква. Подигната во1886 година, разрушена, па обновувана во 1926 , а дообновена во 1941 година. Зографисана во 2001 година;

Археолошки локалитети[7]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Јани Бошев - ополченец на ІV ополченска дружина, починал пред 1918 г.[8]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 237.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  8. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 36.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]