Беранци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Беранци
Панорама на Беранци.jpg

Панорамски поглед на селото Беранци

Беранци is located in Македонија
Беранци
Местоположба на Беранци во Македонија
Координати 41°09′32″N 21°21′35″E / 41.15889° СГШ; 21.35972° ИГД / 41.15889; 21.35972Координати: 41°09′32″N 21°21′35″E / 41.15889° СГШ; 21.35972° ИГД / 41.15889; 21.35972
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Mogila Municipality.svg Могила
Област Пелагонија
Население 445[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7245
Повик. бр. 047
Надм. вис. 640 м
Беранци на општинската карта
Беранци во Општина Могила.svg

Атарот на Беранци во рамките на општината
Commons-logo.svg Беранци на Ризницата


Беранци — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Селото најпрвин запишано како Беранци се сретнува во 1468 година во турски документи. Се верува дека името потекнува од личното име Беран.[2]

Всушност, легендата вели дека прв во месноста се населил некојси Беран (или Берон) од струшкото село Вевчани, кој избегал од налетот на Турците. Тука тој создал семејство и започнал да живее.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото Беранци

Ова село се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Могила.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 640 метри. Се наоѓа од левата страна на патот Битола-Прилеп, а од самиот град Битола е оддалечено 17 километри.[4]

Беранци е поголемо село сместено помеѓу планинската падина на Древеник на запад и рамнината Пелагонија на исток. Околни села се: Долно Српци, Вашарејца и Могила. Во селото постои чешма на сретсело, од која луѓето во минатото пиеле вода.[5]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Долна Нива, Црна Земја, Самовилец, Висои, Голем Присој, Градиште, Стара Река, Садинки, Црквиште, Петилеб (чешма), Смрдеш, Црна (ливада) и Габа Бара.[5]

Селото е од многу збиен тип. Одредени делови од селото добиле имиња по поголемите родови, како Боевци, Пецевци, Велјановци и други.[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Во околината на Беранци се наоѓаат бројни и значајни археолошки наоѓалишта. Градиште е возвишување западно од селото. За него, мештаните велат дека е тумба со долови. На местото биле пронаоѓани стари пари, ќерамиди, големи врчви и печени тули.[5]

Месноста Висои на тромеѓето помеѓу атарите на селата Беранци, Могила и Црнобуки. Во истражување спроведено во 1954 година биле откопани стари гробови наредени во круг. Биле откопани плочи со „римско писмо“, а во внатрешноста на гробовите се наоѓале грнчиња.[5] Се претпоставува дека се работи за македонскиот древен град „Чепик“.

Од горната страна на селото се наоѓа црквиште. На месноста Црквиште, пак, се верува дека се наоѓа античка некропола.[5]

Беранци се смета за старо село. Прв пат е споменато во XVII век. Сепак, тоа постоело и два века порано кога тука дошле предците на денешниот најголем род Пецевци.[5]

Во селото постои црквата „Св. Атанасиј“, изградена над селото, која е постара од манастирот. Над селото се наоѓало и манастириште, на местото на денешниот манастир „Св. Јован Крстител“.[5]

Во XIX век, Беранци било село во Битолската каза, на Отоманското Царство.

За време на турското ропство во Беранци постоеле неколку турски чифлици, чии сопственици живееле во Битола. Пред 1912 година таа земја ја купил Ѓорѓе Икономов, Грк од Битола, кој од крајот на Првата светска војна ја продал на жителите. Жителите на денешниот род Пецевци живееле на своја земја.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поглед на селото од полето

Атарот зафаќа простор од 19 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.028,3 хектари, пасиштата заземаат 785,5 хектари, а шумите само 15 хектари.[4]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Беранци живееле 545 жители, сите Македонци.[6] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Беранци имало 432 жители, егзархисти.[7]

Од Беранци се иселил голем број од населението, така што тоа преминало од големо во средно село по големина. Во 1961 година селото броело 1.127 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 478 жители, македонско население.[4]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Беранци живееле 445 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 545 432 647 941 1.127 1.216 1.264 707 478 445
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Беранци е македонско православно село, во селото има еден староседелски род, а другите родови во селото се доселенички.[5]

Родови во Беранци се:

  • Староседелци: Ралевци (4 к.), за нив се вели дека во Беранци живеат од век и превек.
  • Доселенички: Пецевци (46 к.), потекнуваат од предокот Пеце кој се доселил од Дебарско во ХVIII век, ја знаат следната генеологија Ѓоргија (жив на 72 год. во 1951 година) Никола-Павле-Петре-?-Пеце кој се доселил во селото; Поповци (3 к.), гранка од родот Пецевци; Бојовци (18 к.), доселени се од некое село во Мариово; Николовци (4 к.), гранка се од родот Бојовци; Вељановци (8 к.) доселени се од соседното село Долно Српци; Јазевци (5 к.), доселени се од некое село во Мариово; Гајдовци (1 к.) гранка се од родот Јазевци; Гарговци (4 к.), потекнуваат од домазет доселен однекаде, кој влегол во родот Пецевци; Љаковци (5 к.), Кумбуловци (2 к.), Бочваровци (2 к.) и Ѓаковци (2 к.), доселени се однекаде; Рушкиќ (1 к.), родот го основал џандар кој дошол од Неготин во Србија, во 1919 година и Дамјановци (1 к.), доселени се од селото Вирово, Железник во 1955 година.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на основното училиште во селото Беранци

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Могила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кукуречани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ивањевци, во која селото Беранци, се наоѓале и селата Вашарејца, Древеник, Ивањевци, Лознани, Новоселани, Подино, Свето Тодори, Српци и Трновци. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Српци, во која влегувале селата Беранци, Вашарејца, Лознани и Српци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0189 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 329 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква „Св. Атанасиј“
Археолошки локалитети[13]
Цркви[14]
Манастири

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Надворешни видеоснимки
Обредни песни „Водичарки“ од село Беранци на YouTube
  • Водичарки — уникатен обичај, спој на христијанството и народните обичаи. Настанот се одржува на празникот Водици. Водичарки се женска група, облечени во традицијална носија, составена од непарен број на млади девојки, најчесто седум или девет, а групата ја предводи главната водичарка. Вообичаено, во групата има и две момчиња.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Беранци
  • Веле Мачкаров — битолски селски војвода на ВМРО, участвувал во одбраната на Крушевската Република во одредот на Питу Гули[15]
  • Петре Дундар (?-1635) — ајдутин;

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следните иселени родови од селото: Каровци (12 к.) во Драгожани; Пишмановци (8 к.) во Ивањевци; Зајковци (6 к.), Миновци (3 к.) и Велјанчевци (2 к.) во Долно Српци; Љаковци (4 к.) и Јазевци (4 к.) во Могила; Ковачевци (2 к.) во Добромири и Нечовци (1 к.) во Кравари.[5]

Од ова село има иселено над 1.000 лица. Најголем дел од нив се имаат иселено во градовите Битола, Прилеп и Скопје, но и во прекуокеанските земји и во Европа.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 2 ноември 2019. 
  2. Ivanova, Olga, 1939-; Иванова, Олга, 1939-. Rečnik na iminjata na naselenite mesta vo R. Makedonija (B, Ǵ, E, J, N, R, T, Ḱ, U, F, H, Dž, Š). Skopje. ISBN 9786082200262. OCLC 909857299. https://www.worldcat.org/oclc/909857299. 
  3. 3,0 3,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. конс. 2019-11-02. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 48. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 29 октомври 2019 г. 
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345. https://www.worldcat.org/oclc/41961345. 
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  11. „Описи на ИМ“. конс. 2 ноември 2019. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 2 ноември 2019. 
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  15. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 101 - 102.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]