Ношпал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ношпал
Ношпал is located in Македонија
Ношпал
Местоположба на Ношпал во Македонија
Координати 41°10′58.08″N 21°27′5.04″E / 41.1828000° СГШ; 21.4514000° ИГД / 41.1828000; 21.4514000Координати: 41°10′58.08″N 21°27′5.04″E / 41.1828000° СГШ; 21.4514000° ИГД / 41.1828000; 21.4514000
Општина Општина Могила
Население 348 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 570 м
Ношпал на општинската карта
Ношпал во Општина Могила.svg

Атарот на Ношпал во рамките на општината

Ношпалсело во Општина Могила, во околината на градот Битола. Има рамничарски карактер, плодна почва и повеќе археолошки наоѓалишта.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во средишниот дел на Пелагонија, оддаеченно 28 километри североисточно од Битола. Атарот му е рамничарски, со доста плодно земјиште за разни култури. Понатаму се издига Селечка Планина. Западно од селото тече Црна Река.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век Ношпал е село во Битолска каза на Отоманската империја. Црквата „Св. Никола“ е изградена в 1865 г., на место на древни градби од антиката.[1]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ношпал има 240 жители, сите Македонци од христијанска вероисповед.[2]

На почетокот на XX век населението потпаѓа под водството на Бугарската егзархија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во селото имало 320 жители.[3]

За време на Првата светска војна, Ношпал бил дел од општината Добрушево и имал 342 жители[4].

Според пописот од 2002 година, во Ношпал имало 348 жители, сите Македонци.[5]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 240[2] 320[3] 462 487 572 546 545 427 360 348

Родови[уреди | уреди извор]

Ношпал е македонско село.

Родови во селото се: Волчевци (10 куќи), Мусовци (3 куќи) и Бошковци (2 куќи) староседелци; Куртовци (6 куќи) и Сарвановци (3 куќи) доселени се од Клепач. Подалечно потекло од Преспа; Муртановци (5 куќи) доселени се од селото Алинци, кај Прилеп; Мацаловци (3 куќи) доселени се од мариовското село Дуње; Чурлиновци (3 куќи) доселени се во турско време од Добрушево; Дуковци (3 куќи) и Вешовци (3 куќи) доселени се во 1912 година од Ерековци; Цветковци (3 куќи) доселени се од Суводол, каде биле староседелци; Ѓуровци (3 куќи) доселени се од Црничани, таму се доселени од охридско; Зенговци (2 куќи) и Црничановци (1 куќа) доселени се исто така од Црничани, подалечно потекло од охридско; Вашеревци (2 куќи) доселени се од Вашарејца; Чарлинци (1 куќа) доселени се од Горна Чарлија; Бучиновци (1 куќа), Симоновци (2 куќи), Секуловци (7 куќи), Ризановци (4 куќи), Поповци (3 куќи), Нечиновци (1 куќа), Чавкаровци (1 куќа) и Никовци (1 куќа) доселени се однекаде.[7]

Економија[уреди | уреди извор]

Економијата на село Ношпал е централизирана околу земјоделство и сточарство. Секоја година во Ношпал се прозведува голема количина на тутун и жито додека пак сточарството главно се состои од крупен добиток и живина главно за домашни потреби и дел за продажба.

Демографија[уреди | уреди извор]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[уреди | уреди извор]

Во селото има две цркви:[8]

Археолошки наоѓалишта[уреди | уреди извор]

Во и околу Ношпал се наоѓаат следниве археолошки наоѓалишта:[9]

  • Бела Црква — базилика и некропола од старохристијанско време;
  • Тумба — населба од неолитско и римско време;
  • Гајтаница — населба од неолитско и доцноантичко време;
  • Св. Никола — осамен наод од римско време;
  • Горни Ливади — населба од доцноантичко време;

Спорт[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Цркви“. Посетете ја Пелагонија. конс. 27 февруари 2014. 
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.237.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 166-167.
  4. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 4.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 162.
  11. Николов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.102

Надворешни врски[уреди | уреди извор]