ПУ „Браќа Миладиновци“ - Ношпал

Координати: 41°11′09.8″N 21°26′54.5″E / 41.186056° СГШ; 21.448472° ИГД / 41.186056; 21.448472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Браќа Миладиновци

Поглед на подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“
Поглед на подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“
Место
Општина: Општина Могила
Наречено по: Браќа Миладиновци
Нас. место: Ношпал
Адреса: с. Ношпал
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации

Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно училиште „Браќа Миладиновци“ - Ношпал; скратено: ПОУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Ношпал, составен дел на истоименото училиште во селото Добрушево.[1]

Училиштето е именувано по македонските поети Браќа Миладиновци.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Објектот на училиштето се наоѓа на влезот од селото, непосредно од десната страна на патот.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 2018 година, училиштето добило монтажна училишна зграда со средства во износ од 904.000 денари обезбедени од Општина Могила и дополнителни средства од страна на Министерството за образование и наука откако старата училишна зграда во 2015 година била полна со глодачи.[2]

Настава[уреди | уреди извор]

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „За нас...“. македонски: ОУ „Браќа Миладиновци - Добрушево. Посетено на 31 јули 2019.
  2. „Ново монтажно училиште во селото Ношпал изгради Општина Могила“. македонски: Апла.мк. Посетено на 31 јули 2019.

41°11′09.8″N 21°26′54.5″E / 41.186056° СГШ; 21.448472° ИГД / 41.186056; 21.448472