Дуње

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дуње
Панорама на Дуње (1).jpg

Панорама на селото Дуње

Дуње is located in Македонија
Дуње
Местоположба на Дуње во Македонија
Координати 41°15′27″N 21°41′31″E / 41.25750° СГШ; 21.69194° ИГД / 41.25750; 21.69194Координати: 41°15′27″N 21°41′31″E / 41.25750° СГШ; 21.69194° ИГД / 41.25750; 21.69194
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 77[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7506
Повик. бр. 048
Надм. вис. 590 м
Слава Св. Димитриј Солунски
Дуње на општинската карта
Дуње во Општина Прилеп.svg

Атарот на Дуње во рамките на општината
Commons-logo.svg Дуње на Ризницата


Дуње — село во Општина Прилеп, во областа Мариово, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Панорамски поглед на селото
Панорамски поглед на селото

Селото се наоѓа во северниот дел од областа Мариово, од левата страна на Црна Река во пределот познат како Мало Мариово. Поточно, Дуње е сместено во прилепскиот дел на Мариово на еден прилично простран зарамнет дел од висорамнина која како благо се издигнува како последниот отсек и подножје на Дрен Планина, од десната страна на малите поврзани потоци Дуњска и Лисичка Река. Дуње е ридско село расположено на надморска височина од 690 метри.[2] Од градот Прилеп селото Дуње е одалечено 29 километри[2], и е поврзaно директно со асфалтен пат кој се исклучува од левата страна на главниот регионален пат од Прилеп за Витолиште.

Малата зарамнета котлина во која се наоѓа Дуње е ограничена на запад од Селечка Планина, кон север каде води стариот пат за Прилеп преку превојот Лигураса и кон исток ја обиколуваат падините на Дрен Планина, а од југ е течението на Црна Река во познатата Скочивирска Клисура. Во пространата рамнина во која е сместено селото, со оглед на отвореноста кон долината на Црна Река, се составуваат повеќе помали потоци и реки како: Оревдолска, Вепрчанска, Кокречка, Пештанска, Лисичка кои сите заедно преку Дуњска се влеваат во Црна Река непоседно после познатиот Расимбегов Мост. Според местоположбата, Дуње претставува средишно село кое се наоѓа во центарот на повеќе околни мариовски села завлечени во планинските долови и падини, односно на запад е Кален, на северозапад Кокре, на север Пештани, на исток Вепрчани, а на југ се Крушевица и Чаниште. Како и повеќето мариовски села, така и Дуње има мошне голем атар кој зафаќа простор од 43,8 км2, на кои пасиштата заземаат површина од 2487 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 1339,1 ха, а на шумите само 15,6 ха.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Мариовци крај огниште на слава, вечер воочи Митровден во с. Дуње (1932 г.)

Најстариот запис во кој се споменува селото Дуње потекенува од втората половина на XV век односно од турските пописни дефтери од 1476/77 кога во селото живееле 13 семејства, потоа во 1481/82 биле попишани 23 домаќинства, за потоа да бележат пораст на 56 домови во 1519 година, а потоа опаѓање на 43 домаќинства во 1528/29 и намалување на 37 семејства во 1544/45 година.[3] Во овој период Дуње спаѓало во нахијата Мориово во Прилепската каза.[3]

Во својот запис објавен во „Цариградски весник“ под наслов „Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание“ на 21 ноември 1859 за селата во Мариово, македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот за селото Дуње запишал дека имало 150 куќи со црква посветена на Св. Николај и една стара црква.[4]

За време на револуционерните борби за ослободување од отоманското ропство кон крајот на XIX век, Дуње како едно од поголемите села имало месна чета на чело со војводата Андо Волканов.[5]

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото Дуње потекнува и има значење на македонски јазик и тоа најверојатно од глаголот дување, ду(ва)ње, што може да се објасни и потврди со самата местоположба на селото. Имено селото Дуње е сместено на зарамнет простор каде се спојуваат неколку долови со што самото е отворено на ветер кој често дува од различни страни. Уште неколку села во Македонија кои што имаат местоположба отворена на дување на ветер носат слични имиња, а тоа се: Здуње во Порече и гостиварските Здуње и Дуф. Многу е мала веројатноста името да потекнува од името на овошното дрво - дуња, кое што е многу малку застапено во селото Дуње и неговиот атар.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Титаниумова руда од наоѓалиште кај Дуње

Според составот на атарот селото Дуње има поледелско-сточарска функција.[2] Поради извонредната поволна местоположба на зарамнет терен крај неколку водотеци, населението на Дуње се занимава најмногу со земјоделство и сточарство. Од сточарството застапени се одгледувањето на овци во неколку стада и кози од ситниот, како и повеќе крави, волови и телиња од крупниот добиток. Според податоци од турските дефтери од првата половина на XVI век, Дуње било прво од неколкуте села кои чувале најмногу свињи и имале најголем број на пчелни кошници.[3] Пчеларството со бројни плчелни сандаци и денес е застапено во Дуње, додека свињарството е сосема напуштено. Од поледелството се одгледува: тутун, пченица, пченка, како и градинарски култури односно пипер, патлиџан (домат), кромид, лук, марула, краставици во дворовите за сопствени потреби. Непосредната околина на Дуње има богати рудни наоѓалишта на нуклеарни суровини како ураниум, како и од тврдите метали односно титаниум. Во селото Дуње има и работеле земјоделска задруга и продавница.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Вез од женска кошула од село Дуње од почетокот на XX век

Според пописот од 2002 година, селото Дуње брои 77 жители, сите Македонци.[1] Со тоа, Дуње претставува четврто село според бројот на жителите во цело Мариово. Искра на надеж за неговото опстојување како село фрлаат и раѓањето на неколку деца во последните години на почетокот на XXI век.

Во почетокот на XX век во Дуње живееле околу 1.224 жители.[6] Селото Дуње, како впрочем и сите останати во Мариово, доживеало огромна депопулација во наредните години. Така, во 1961 година во Дуње живееле 778 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 145 жители, сите Македонци.[2]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.224 / 597 713 778 731 333 165 145 77
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото Дуње, како и останатите мариовски села, од секогаш исклучиво живееле Македонци со православна христијанска вероисповед. Староседелски родови се:Кажеловци, Китевски, Ѓондевски или Ѓондевци, Лалевски или Лалевци, Колевски, Ѓорѓиоски, Волкановци, Кузевци, и други.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Како поголемо и воедно средишно село за повеќе околни помали мариовски села, во Дуње работат:

  • Основно училиште до IV одделение
  • Пошта[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Дуњска Река пред селото

Селото влегува во рамките на големата Општина Прилеп, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Витолиште.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Селото припаѓало на некогашната општина Мориово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Дуње, во која покрај селото Дуње, се наоѓале и селата Вепрчани, Ѓуѓаково, Кален, Кокре, Крушевица, Пештани и Чаниште. Општината Дуње постоела и во периодот 1950-1952 година.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[10]
Реки

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 117. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Стојаноски, Александар (1994) (на македонски). Мориово во XV-XVI век (Осврт на економско-општествените прилики). Фолклорот и етнологијата на Мариово и Меглен. Прилеп: Друштво за организирање на мариовско-мегленски средби и ДНУ Битола. стр. 65–73. 
  4. Хаџи-Константинов - Џинот, Јордан (1987 (1859)) (на македонски). Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание. Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници (Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници издание). Скопје (Цариград): Мисла (Цариградски весник). 
  5. Сталев, Ѓорѓи (1990) (на македонски). Мариово низ вековите (Зборник „Мариово-Меглен: вчера, денес, утре“ издание издание). Витолиште: Друштво за организирање Мариовско-мегленски културни средби. стр. 57. 
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.247.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]