Георги Сталев Поповски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Георги Сталев - Поповски.jpg
Роден 22 април 1930
Македонија Витолиште, Македонија

Георги Сталев Поповски (Витолиште, Прилепско, 22 април 1930) — македонски поет, прозаист, драмски посател, научен работник, преведувач. Тој е доктор по филолошки науки и универзитетски професор.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Сталев Поповски е роден е на 22 април 1930 година во селото Витолиште, Мариово, Прилепско. Филозофски факултет завршил во Скопје. Бил долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Член е на ДПМ од 1956 година. Добитник е на наградите: „Климент Охридски“, „13 Ноември“ во 1981[2], „Златен венец“ на фестивалот МЕС-Сараево, Медал од Фондот на Лермонтов - Москва, „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“.[3]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Смев на крвта (роман, 1960),
  • Преглед на македонската литература од 19 век (1963),
  • Гороломник пред својот крст (поезија, 1968),
  • Македонскиот верс (студија, докторска дисертација, 1970),
  • Зелени гранчиња лаври (роман за деца и млади, 1971),
  • Болен Дојчин (драма во стихови, 1971),
  • Ангелина (драма во стихови, 1972),
  • Девет портрети од светската книжевност (1974),
  • Приближувања I (есеи и огледи, 1974),
  • Расколникот од Хетини-Џинот (драма во стихови, 1975),
  • Самуил (драма во стихови, 1980),
  • Приближувања II (есеи и огледи, 1983),
  • Вториот Омир (поема, 1988),
  • Бесоница (поема, 1993),
  • Последните сто години македонска книжевност (студија, 1994),
  • Едно можно читање на Рациновите „Бели мугри“ (студија, 1994),
  • Јас Константин Македонијата (поезија, 1996),
  • Маски (поезија, 1998)
  • Мала антологија на француската поезија (1964),
  • Антологија на француската поезија од нејзините почетоци до ХХ век (1977),
  • Антологија македонске критике (на српски јазик, 1978),
  • Мртвите не умреле во нас (антологија на руската поезија од 19 век, 2000).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Republičkata zaednica na kulturata (2006). Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja (54 издание). Kn-vo "Kočo Racin". 
  2. "Добитници на награди „13 Ноември“" (македонски). Град Скопје. конс. 2011-01-12. 
  3. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 212 - 213.