22 април
Изглед
Предлошка:Април 2026 22 април — 112-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (113-и во престапна година). Остануваат 253 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1500 | Португалскиот морепловец Педро Кабрал стигнал до Бразил и го прогласил за португалски посед. Ова се празнува како Ден на откривањето на Бразил. |
| 1920 | Стапија во штрајк поштарите во Македонија — Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија. |
| 1964 | Тангањика и Занзибар се обединиле во заедничка држава — Танзанија. |
| 1970 | Почнал да се празнува Денот на планетата земја. |
| 2007 | Ѓорѓи Трендафилов е избран за претседател на ВМРО-Народна партија |
Родени:
| 1451 | Изабела I — кралица на Кастиља и Леон (п. 1504). |
| 1610 | Александар VIII — римски папа. |
| 1707 | Хенри Филдинг — англиски писател. |
| 1724 | Имануел Кант — основоположник на германската класична филозофија. |
| 1766 | Мадам де Стал — француска писателка. |
| 1866 | Ханс фон Сект — висок офицер во германската армија. |
| 1870 | Владимир Илич Ленин — организатор на Октомвриската револуција во Русија и основач на СССР. |
| 1881 | Александар Керенски — руски политичар. |
| 1884 | Ото Ранк — австриски психолог (п. 1939). |
| 1891 | Никола Сако — американски анархист (п. 1927). |
| 1899 | Владимир Набоков — руски писател (п. 1977). |
| 1904 | Роберт Опенхајмер — американски физичар (п. 1967). |
| 1916 | Јехуди Мењухин — англоамериканско-швајцарски виолинист (п. 1999). |
| 1922 | Чарлс Мингус — американски џез-музичар. |
| 1927 | Вукан Диневски — македонски глумец. |
| 1930 | Георги Сталев Поповски — македонски поет. |
| 1930 | Драги Костовски — македонски артист. |
| 1935 | Пол Чејмберс — американски џез-музичар. |
| 1937 | Џек Николсон — американски глумец. |
| 1942 | Џорџо Агамбен — италијански политички филозоф. |
| 1946 | Џон Вотерс — американски режисер. |
| 1947 | Горан Паскаљевиќ — српски и југословенски режисер. |
| 1949 | Миодраг Кривокапиќ — српски и југословенски глумец. |
| 1950 | Питер Фремптон — англиски рок-музичар. |
| 1958 | Миливој Брачун — југословенски и хрватски фудбалер и тренер. |
| 1970 | Андреа Џани — италијански одбојкар. |
| 1977 | Марк ван Бомел — холандски фудбалер. |
| 1979 | Џон Гадре — француски велосипедист. |
| 1981 | Горан Мазнов — македонски фудбалер. |
| 1982 | Рикардо Кака — бразилски фудбалер. |
| 1987 | Давид Луиз — бразилски фудбалер. |
| 1987 | Јаспер Силесен — дански фудбалски голман. |
| 1987 | Џон Оби Микел — нигериски фудбалер. |
| 1988 | Маја Никшиќ — македонска убавица. |
| 1998 | Давид Раум — германски фудбалер. |
Починале:
| 536 | Агапит I — римски папа. |
| 1994 | Ричард Никсон — претседател на САД. |
| 2007 | Томе Арсовски — македонски писател. |
Празници:
| * | Ден на планетата Земја |
| * | Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија |