29 април
Изглед
Предлошка:Април 2026 29 април — 119-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (120-и во престапна година). Остануваат 246 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1429 | Јованка Орлеанка на чело на неколку стотици Французи ги победила англиските освојувачи и го зазела градот Орлеан. |
| 1672 | Кралот Луј XIV извршил инвазија на Холандија. |
| 1861 | По предлог на епископот Јосип Јурај Штросмајер, Собранието на Хрватска донело одлука за основање на Југословенска академија на науките и уметностите како матична културно-научна установа на сите Јужни Словени. |
| 1945 | Втора светска војна: германските окупациски сили во Италија безусловно капитулирале пред Сојузниците. |
| 1968 | Мјузиклот „Коса“ — претставително дело на хипи-движењето и пацифизмот бил премиерно прикажан на Бродвеј во Њујорк, САД. |
| 1997 | Во Луксембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишале спогодбата за соработка. |
| 1999 | При бомбардирањето на НАТО на СР Југославија била урната највисоката зграда во земјата — телевизиската кула (203 м) на планината Авала, близу Белград. |
| 2005 | Сирија целосно се повлекла од Либан, окончувајќи ја 29-годишната окупација. |
| 2011 | Британскиот принц Вилијам се венчал со неговата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон. |
Родени:
Починале:
| 1898 | Илија Марков Малешевски — македонски ајдутски војвода. |
| 1916 | Јорген Грам — дански математичар. |
| 1933 | Константин Кавафи — грчки поет. |
| 1947 | Ирвинг Фишер — американски економист. |
| 1951 | Лудвиг Витгенштајн — австриско-британски филозоф. |
| 1967 | Ентони Ман — американски филмски глумец и режисер. |
| 1980 | Алфред Хичкок — британски филмски режисер. |
| 1993 | Мик Ронсон — англиски рок-гитарист. |
| 2006 | Џон Кенет Галбрајт — канадско-американски економист. |
| 2017 | Џонатан Дем — американски филмски режисер. |
| 2019 | Џон Синглтон — американски филмски режисер. |
| 2020 | Ирфан Кан — индиски глумец. |
| 2024 | Михајло Фоменко — украински и советски фудбалер и тренер. |
| 2024 | Зоја Зелинска — руска глумица. |
| 2025 | Мајк Питерс — велшки рок-музичар, член на групата Аларм. |