Алфред Хичкок
Алфред Хичкок | |
---|---|
![]() | |
Роден(а) | Алфред Хичкок 13 август 1899 Лентонстаун, Ангија |
Починал(а) | 29 април 1980 Лос Анџелес, САД | (возр. 80)
Занимање | Режисер |
Активен период | 1921–1976 |
Сопружник | Алма Ревил (1926–1980) |
Алфред Џозеф Хичкок (Sir Alfred Joseph Hitchcock; Лентонстаун, 13 август 1899 - Лос Анџелес, 29 април 1980) — британски филмски режисер познат по жанрот „трилер“.
Животопис[уреди | уреди извор]
Творештво[уреди | уреди извор]
Под влијание на експресионизмот од Германија, Хичкок започнал да режира во Англија, а од 1939 година работел во САД. Неговиот прв филм е „Бројот 13“ (Number 13), кој останал недовршен, а последниот филм „Семејна завера“ го снимил во 1976 година.[1] Тој е еден од најпознатите и најпопуларните режисери на сите времиња. Неговите иновации и визии влијаеле врз голем број режисери, продуценти и глумци. Хичкок снимила вкупно 67 филмови од кои најпознати се: „Психо“, „Вртоглавица“, „Птици“, „Ребека“, „Озлогласената“, „Човекот кој знаеше премногу“, итн.[2] Во 1995 година, во анкетата на повеќе филмски критичари, Хичкок бил прогласен за најдобриот режисер на 20. век, а во 2005 година била прогласен за најдобар режисер на сите времиња. Наспроти тоа, тој никогаш не ја добил наградата „Оскар“, ниту за животно дело, а само пет негови филмови биле номинирани за оваа награда.[1]
Филмографија[уреди | уреди извор]
- „Млади и невини“ (1937)[3][4]
- „Ребека“ (1940)
- „Маѓепсан“ (1945)
- „Озлогласена“ (1946)
- „Заден прозорец“ (1954)
- „Фатете го крадецот“ (1955)
- „Вертиго“ (1958)
- „Север-Северозапад“ (1959)[5]
- „Психо“ (1960)
- „Птици“ (1963)
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа биографска статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |