Фатете го крадецот (филм од 1955)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фатете го крадецот (англиски: To catch a thief) е американски филм од 1955 година, во режија на Алфред Хичкок по сценариото на Џон Мајкл Хејс, засновано врз романот на Дејвид Доџ. Главните улоги ги толкуваат: Кери Грант, Грејс Кели, Бриџит Обер и Џеси Ројс Лендис. Филмот бил добитник на наградата „Оскар“ во категоријата за камера (Роберт Буркс).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Американецот Џон Роби (го игра Грант), наречен Мачор, е поранешен учесник во Движењето на отпорот во Франција, а потоа и професионален крадец, кој веќе одамна живее мирен живот на Француската ривиера. Во еден луксузен хотел се случуваат кражби на накит, во стилот на Мачорот, така што и полицијата и јавноста мислат дека кражбите се негово дело. За да го сочува својот углед, тој си поставува задача да го фати крадецот, но цело време полицијата му е зад петиците. Роби го посетува својот стар познаник, сопственикот на ресторан во кој сите вработени се поранешни криминалци. Кога полицијата сака да го упаси, го спасува девојката Даниела (ја игра Обер), која е вљубена во него. Во еден хотел во Кан, Роби се запознава со богатата Американка Џеси Стивенс (ја игра Ројс Лендис) чија преубава ќерка Френсис (ја игра Кели) се вљубува во него. Притоа, Френсис го открива неговиот вистински идентитет и го обвинува за кражбата што се случува во нивниот хотел, а потоа и за кражбата на накитот на нејзината мајка. Набргу, еден поранешен криминалец е убиен и полицијата објавува дека тој е Мачорот. Сепак, Роби не верува во тоа и заедно со двете Американски оди на маскенбал, каде успева да го фати вистинскиот крадец - младата Даниела.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]