Заден прозорец (филм од 1954)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Заден прозорец“
RearWindow.jpg
Режисер Алфред Хичкок
Продуцент Алфред Хичкок
Настапуваат Џејмс Стјуарт
Грејс Кели
Вендел Кори
Телма Ритер
Рејмонд Бар
Музика Франц Ваксман
Кинематографија Роберт Буркс
Монтажа Џорџ Томасини
Студио Patron Inc.
Дистрибутер Paramount Pictures
Премиерасептември 1 1954 (1954-09-01) (САД)
Времетраење 112 минути
Држава  САД
Јазик Англиски
Буџет $1 милион
Бруто заработка $36.8 милиони

Заден прозорец (англиски: Rear Window) - американски филм од 1954 година, во режија на Алфред Хичкок. Сценариото за филмот го напишал Џон Мајкл Хејс, според расказот на Корнел Вулрич. Главните улоги ги толкуваат: Џејмс Стјуарт, Грејс Кели, Вендел Кори, Телма Ритер и Рејмонд Бар. Во 1997 година, филмот бил внесен во националниот филмски регистер на САД.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Фотографот Л.Б. Џеферис - „Џеф“ (Џејмс Стјуарт) мора да мирува откако ја скршил ногата кога фотографирал несреќа на тркачка патека. Тој го поминува времето така што ги набљудува соседите гледајќи низ прозорецот. Редовно го посетуваат неговата девојка Лиза Фремонт (Грејс Кели) и медицинската сестра Стела (Телма Ритер). Стела се обидува да го убеди Џеф да се ожени за Лиза, но тој се двоуми. Во еден од соседните станови живее средовечен маж, Ларс Торвалд, со својата болна жена која лежи во постелата. Еден ден, Џеф слуша како една жена извикува "Немој!" и после тоа слушнува кршење на стакло. Потоа го забележува Торвалд ќе што излегува од станот и го гледа како прави повеќе ноќни патувања. Следното утро, Џеф забележува дека сопругата на Торвалд ја нема, а потоа го забележува Торвалд како чисти еден голем нож и една рачна пила. Потоа, Торвалд врзува голем багажник со тешко јаже, кое го преместуваат некои луѓе. Џеф е сега убеден дека Торвалд ја убил својата жена, затоа, тој ги ангажира својата девојка Лиса, негувателката Стела и детективот Томас Дојл (Вендел Кори) кои започнуваат истрага. Детективот не наоѓа ништо сомнително и верува во тоа дека жена му на Торвалд отишла во друг град и дека го земала багажникот со себе. Набргу потоа се случува убиство на кучето на соседите, чијшто врат е скршен. Соседката вика од балконот што ги алармира другите соседи кои ја гледаат сцената, како и Џеф. Само Торвард не е алармиран и не ја гледа сцената, туку мирно си пуши цигара во својот затемнет стан. Сега Џеф е убеден дека Торвалд е виновен и за убиството на куче. Тој пишува едно писмо каде го обвинува Торвалд за убиството и ја испраќа Лиса да му го остави писмото под неговата врата, за да ја види неговата реакција кога ќе го прочита писмото. Потоа, Џеф му закажува средба на Торвалд и за време на неговото отсуство, Лиса и Стела ги откопуваат цвеќињата во градината, бидејќи Џеф мисли дека Торвалд погребал нешто икринимирачки во градината, но тие не наоѓаат ништо. Лиса потоа влегува во станот на Торвалд, без дозвола на Џеф. Меѓутоа, Торвалд се враќа во станот и ја напаѓа Лиса. Џеф, растревожен, ја вика полицијата, која ја уапсува Лиса поради незаконско влегување во туѓ стан. Лиса со рацете зад грбот му сигнализира на Џеф со венчалниот прстен на Торвалд, но Торвалд го забележува овој гест и го здогледува Џеф. Џеф му се јавува на детективот за да му се каже што се случило, а Стела заминува во полициска станица за да ја плати кауцијата која ќе ја ослободи Лиса. Тогаш, Торвалд влегува во станот на Џеф, а Џеф му се противставува со тоа што го слика со својот фотоапарат за привремено да го заслепува. Торвалд успева да го фати Џеф и да го фрли од отворениот прозорец, Џеф ја скршува и другата нога. Тогаш пристигнува полицијата и го уапсува Торвалд и тој ги признава убиствата. Неколку дена подоцна, Џеф мирува во својата количката со гипс на двете нозе. Односите помеѓу соседите се смениле. Лиса чита една книга во станот на Џеф и кога тој заспива, таа ја остава книгата и зема да чита еден моден магазин.[2]

Улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]