Цвет
Цветот е генеративен орган на скриеносемените растенија чијашто функција е полово или бесполово размножување. По формирањето на спорите или гаметите и после оплодувањето, од него се образуваат семето и плодот.
Всушност, цветот е видоизменет изданок со ограничено растење кој се образува од врвното стеблено творно ткиво (меристем) кога тоа ќе достигне репродуктивна зрелост. Преминувањето на врвниот меристем од вегетативна во репродуктивна состојба настанува постепено. Обично цветниот меристем е кратко активен и активноста му опаѓа со самото формирање на цветот.
Формирањето на цветните елементи најчесто има строг редослед - прво се формираат надворешните, а последни елементите од внатрешниот круг.
Елементи на цветот
[уреди | уреди извор]Цветот за стеблото е обично прикрепен со цветна дршка (Pedunculus), а доколку таа отсуствува, велиме дека се тоа приседнати цветови. Дршката завршува со силно скусен и проширен дел со слабо изразени нодиуми, на кој се поредени останатите цветни елементи, познат како цветна ложа (Receptaculum).
Цветните елементи на цветната ложа можат да бидат заштитни (стерилни) и репродуктивни (фертилни) елементи.
Заштитни елементи
[уреди | уреди извор]Тоа се главно листови што го претставуваат околуцветникот (цветната обвивка), кој во зависност од тоа од какви листови е изграден, може да биде:
- перигон, или хомохламиден, односно прост околуцветник, изграден од два круга на ливчиња кои се разликуваат по форма, големина и боја:
- венчевиден перигон, кога ливчињата се слични на венечните
- чашковиден перигон, кога ливчињата се слични на чашкините
- перијант, или хетерохламиден, односно сложен околуцветник, изграден од два круга на ливчиња кои се идентични:
Репродуктивни елементи
[уреди | уреди извор]Тоа се функционалните елементи на цветот, оние со кои растението се размножува и дава идни поколенија:
- прашници (Stamen, за група од прашници Androeceum), растителните машки полови "жлезди" во кои се образува поленот. Еден прашник е составен од:
- прашнички конец (Filamentum)
- прашничка ќеса (Anthera) (прашниците без антери се нарекуваат стаминодии)
- полуантери (Theca)
- сврзувачко стерилно ткиво (Connectivum)
- плодник или толчник (Pistillum, за група од плодници Gynaeceum), растителните женски полови "жлезди" во кои се образува и развива плодот. Еден плодник е составен од:
Видови на цветови
[уреди | уреди извор]Цветовите можат да се поделат врз основа на различни критериуми.
Според распоредот на цветните елементи на цветната ложа, разликуваме:
- спирални (ациклични) - елементите имаат спирален распоред на издолжена цветна ложа. Вакви се цветовите на лутичињата.
- кружни (циклични) - доста чести цветови, елементите поредени во круг на силно скусена цветна ложа.
- полукружни (семициклични) цветови - поедини елементи имаат спирален, а други кружен распоред.
Според местоположбата на прашниците и плодниците, има:
- хермафродитни - двополни цветови, на кои има и прашници и плодици, како кај перуниката
- еднополни цветови - машки или женски, поретки, на кои има само прашник или само плодник
- стерилни - бесполови цветови, имаат само околуцветник, како кај георгината.
Според местоположбата на машките и женските цветови, има:
- еднодомни - се развиваат на една единка, како кај пченката (кочан - женски, метличка - машки цвет)
- дводомни - се наоѓаат на различни единки, односно појава на посебен пол, како кај врбата
- тридомни - машките, женските и хермафродитните цветови се наоѓаат на три различни единки.
Симетрија на цветот
[уреди | уреди извор]- Асиметрични - не може да се поделат на две еднакви делови
- симетрични - може да се поделат на еднакви делови:
- правилни (актиноморфни) - со најмалку две рамнини на симетрија
- неправилни (зигоморфни) - со најмногу една рамнина на симетрија.
Цветот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Цветот се јавува како тема во уметноста и во популарната култура.
Цветот како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Цвеќето цутило бабо“ - македонска народна песна.[1]
- „Цветот и каменот“ - суфиска приказна.[2]
- „Деца и цвеќиња“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[3]
- „Деца и цвеќиња (второ пеење)“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[4]
- „Деца и божурики“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[5]
- „Лутичиња“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[6]
- „Качунка“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[7]
- „Цветници“ - краток расказ на Јозо Т. Бошковски.[8]
- „Синоличка“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[9]
- „Незнаено сино цвете“ — песна за деца на Григор Витез.[10]
- „Цвет“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[11]
- „Цвеќе“ — расказ за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.[12]
- „За пеперутката и нејзиниот волшебен цвет“ - расказ на германскиот писател Рајнхард Јоханес Зорге.[13]
- „Петопрст“ — краток расказ на македонскиот писател Тоде Илиевски.[14]
- „Цветови“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[15]
- „Јаболков цвет“ - песна на полскиот поет Мјечислав Јаструн.[16]
- „Дете и цвеќе“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[17]
- „Работен цвет“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[18]
- „Цвет“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[19]
- „Цвеќенца“ — книга на македонската писателка Бистрица Миркуловска.[20]
- „Метла или цветот на пустината“ (la ginestra o il flore del deserto) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1836 година.[21]
- „Суво цвеќе“ - расказ од македонската писателка Жанета Станоевска, од 2011 година.[22]
- „Со кринот во раката“ (Са крином у руци) - песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.[23]
- „Цветови на славата“ (Цветови славе) - песна на Владислав Петковиќ - Дис.[24]
- „Хризантеми“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.[25]
- „Цветови“ - песна во проза на францускиот поет Артур Рембо.[26]
- „Утрински игри“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[27]
- „Секаквоно цвеќе“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[28]
- „Градината на чудесните цвеќиња“ – книга на Антонио де Торкемада од 1570 година.[29]
- „Ти си како цвет“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[30]
- „Цвеќиња на злото“ - збирка поезија на францускиот поет Шарл Бодлер.[31]
- „Песна на цветот“ - песна на либанскиот поет Халил Џубран.[32]
- „Цвет на цветовите“ - песна на либанскиот поет Саид Акл.[33]
- „Белиот цвет“ (Beli cvet) - песна на Десанка Максимовиќ.[34]
- „Пустински цвет“ - збирка поезија на македонскиот поет Сашо Огненовски од 2015 година.[35]
- „Илјада цветови на една гранка“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[36]
- „Воспоставување ред со цвеќе“ — краток расказ на македонската писателка Будимка Поповска.[37]
- „Велигденчиња“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[38]
- „Цвет“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин од 1828 година.[39]
- „Веќе голем!“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[40]
- „Синиот цвет“ - еп на германскиот писател Герхарт Хауптман.[41]
Цветот како тема во музиката
[уреди | уреди извор]- „Изникнало цвеќе во момини дворови“ — македонска народна песна.[42]
- „Саксија со цвеќе“ (англиски: Flower Pot) - песна на американскиот рок музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1967 година.[43]
- „Гороцвет“ - песна на македонската енто-група Dragan Dautovski Quartet.[44]
- „Цут“ (англиски: Blossom) - песна на американскиот рок-музичар Џејмс Тејлор (James Taylor) од 1970 година.[45]
- „Овенати цвеќиња“ (англиски: Dead Flowers) - песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1971 година.[46]
- „Цвеќиња“ (англиски: Flowers) - албум на австралиската рок-група Ајсхаус (Icehouse) од 1980 година.[47]
- „Јазикот на цвеќињата“ (англиски: Language Of Flowers) — песна на британската рок-група Pale Saints од 1990 година.[48]
- „Цвеќиња на романса“ (англиски: Flowers of Romance) - песна на британската рок-група ПИЛ (Public Image Ltd.) од 1981 година.[49]
- „Цвеќиња во шумата“ (англиски: Flowers In The Forest) - песна на британската рок-група Southern Death Cult од 1983 година.[50]
- „Цвеќе во пустината“ (англиски: A flower in the desert) - песна на британската рок-група Калт од 1984 година.[51]
- „Диво цвеќе“ (англиски: Wild flower) - песна на британската рок-група Калт од 1987 година.[52]
- „Сини цвеќиња“ (англиски: Blue Flowers) - песна на американскиот рапер Кул Кит (Kool Keith) од 1996 година.[53]
- „Цвеќињата на Гватемала“ (англиски: The Flowers Of Guatemala) — песна на американската рок-група Р.Е.М. (R.E.M.) од 1986 година.[54]
- „Цвеќе“ (англиски: Flower) - песна на американската рок-група Саундгарден (Soundgarden) од 1988 година.[55]
- „Црешов цут“ (англиски: Cherry Blossoms) — песна на британската рок-група Тиндерстикс (Tindersticks) од 1995 година.[56]
- „Цвеќе“ (англиски: Flower) - песна на американската рок-музичарка Лиз Фер (Liz Phair) од 1993 година.[57]
- „Болно цвеќе“ (англиски: Ill Flower) - песна на британската група Фјучер соунд оф Лондон (The Future Sound of London) од 1994 година.[58]
- „Каранфил“ (англиски: Carnation) - песна на англиската рок-група Џем (The Jam) од 1982 година.[59]
Цветот како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Тажен цвет во песокот“ - американски документарен филм за Џон Фанте.[60]
- „Мирисот на полското цвеќе“ - југословенски филм, во режија на Срѓан Карановиќ.[61]
- „Цветот на Илјада и една ноќ“ (Il fiore delle Mille e una notte) - филм на италијанскиот режисер Пјер Паоло Пазолини од 1974 година.[62]
Цветот како тема во сликарството
[уреди | уреди извор]- „Перуники“ (Perunike) - слика на хрватската сликарка Марија Брусиќ-Ковачица од 1973 година.[63]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 123.
- ↑ Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 34-35.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 3.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 4-5.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 7.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 10.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 13.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 54.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 22.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 22.
- ↑ Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
- ↑ Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 89-90.
- ↑ Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 359-364.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 114.
- ↑ Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 9.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 115-116.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 12.
- ↑ Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 91.
- ↑ Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 110.
- ↑ Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967.
- ↑ Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 48-56.
- ↑ Жанета Станоевска, Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази, Темплум, Скопје, 2011.
- ↑ Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 136-137.
- ↑ Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 138-139.
- ↑ Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 13-14.
- ↑ Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 109.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 37.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 37-39.
- ↑ „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 601.
- ↑ Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 34.
- ↑ Bodler, Cveće zlа. Beograd: Izdavačko preduzeće “Rad”, 1964.
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 93-94.
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 108-109.
- ↑ D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 61.
- ↑ „Објавена книга со драми на Сашо Огненовски“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 17.
- ↑ Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 25-26.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 182-183.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 100.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 175.
- ↑ Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 10.
- ↑ B. P., „Gerhart Hauptman“, во: Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 129.
- ↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 125.
- ↑ Captain Beefheart-Flower Pot - YouTube (пристапено на 3.3.2016)
- ↑ Dragan Dautovski Quartet, The Path of the Sun. Dragan Dautovski - DDQ Music, DDQM 002, 2008.
- ↑ DISCOGS, James Taylor (2) – Sweet Baby James (пристапено на 24.12.2017)
- ↑ DISCOGS, The Rolling Stones – Sticky Fingers (пристапено на 23.8.2019)
- ↑ YouTube, Flowers - Icehouse (1980 full album) (пристапено на 8.10.2017)
- ↑ DISCOGS, Pale Saints – The Comforts Of Madness (пристапено на 8.6.2023)
- ↑ YouTube, Public Image Ltd. – The Flowers of Romance (FULL ALBUM | HQ SOUND) (пристапено на 29.5.2017)
- ↑ Discogs, The Southern Death Cult – Southern Death Cult (пристапено на 9.8.2019)
- ↑ the cult - A Flower In The Desert - Dreamtime - YouTube (пристапено на 21.9.2016)
- ↑ YouTube, The Cult - Wild Flower (пристапено на 19.1.2017)
- ↑ Doctor Octagon(Kool Keith) - Dr. Octagonocologyst (Full Album) (пристапено на 3.5.2017)
- ↑ R.E.M. – Lifes Rich Pageant (пристапено на 23.2.2024)
- ↑ Discogs, Soundgarden – Ultramega OK (пристапено на 8.8.2019)
- ↑ DISCOGS, Tindersticks – Tindersticks (пристапено на 11.5.2024)
- ↑ Discogs, Liz Phair – Exile In Guyville (пристапено на 30.9.2019)
- ↑ DISCOGS, The Future Sound Of London – Lifeforms (пристапено на 13.11.2020)
- ↑ DISCOGS, The Jam – The Gift (пристапено на 17.6.2020)
- ↑ „Белешка за авторот и делото“, во: Џон Фанте, Прашај ја правта. Скопје: Темплум, 2008, стр. 248-249.
- ↑ Антена, бр. 821, 21 март 2014, стр. 18.
- ↑ Valerio Magreli, „Biografska beleška“, во: Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 92.
- ↑ Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
|