Жанета Станоевска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Жанета Станоевска (1955, Прилеп) — македонска писателка и преведувачка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Жанета Станоевска е родена во 1955 година, во Прилеп, но во 1960 година се преселила во Скопје. Тука ги завршила основното и средното училиште, а во 1977 година дипломирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и литература. Од 1978 до 1996 година работела во Македонската радио-телевизија, во Редакцијата за обработка на туѓа програма, како преведувач на детски, документарни и играни филмови. Во 1996 година се вработила во Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, во како советник и преведувач во Одделението за меѓународни работи.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во 1986 година, Станоевска станала член на Друштвото на литературните преведувачи на Република Македонија, со преводот на збирката раскази од Оскар Вајлд “Среќниот принц и други раскази”. Со своите куси раскази, во 2008 година Станоевска освоила една прва и две втори награди на конкурсот “Електролит” на издавачката куќа “Темплум”. Во 2011 година ја објавила збирката куси раскази со наслов “Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази”, во издание на “Темплум”.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Жанета Станоевска, Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази, Темплум, Скопје, 2011.