Бистрица Миркуловска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бистрица Миркуловска
Роден/а14 март 1930(1930-03-14)(94 г.)
Скопје, Македонија
Занимањепоетеса, писателка, преведувачка, раскажувачка, македонистка, лекторка

Бистрица Миркуловска (р. 14 март 1930) — македонска поетеса, македонистка, раскажувачка, детска писателка и преведувачка.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Миркуловска е родена на во Скопје.[2] Завршила Филозофски факултет на Скопскиот универзитет и постдипломски студии од областа на македонистиката. Работела како професор на Филолошкиот факултет во Скопје.[2] Била лекторка по Македонски јазик и книжевност на Масариковиот универзитет во Брно, Чешка. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1971 година. Писателка е на книгите: „Цвеќенца“ (поезија за деца, 1960), „Градинче“ (раскази за деца, 1962), „Првачиња“ (поезија за деца, 1972), „Празнични виделини“ (поезија за деца, 1979), „Виножито“ (раскази, 1979), „Сите деца мили“ (поезија, за деца, 1982), „Ѕвездена“ (бајки, 1986), „Виделина“ (бајка, 1989), „Клучарчиња“ (роман за деца и млади, 1992), „Прекршен лет“ (поезија, 1996), „Kdyz kvetly kastany“ (Кога цутеа костени, поезија, Брно, 1997). Добитник е на „Потокарова повелба“ на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија за преводи од словенечки на македонски јазик.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 160 - 161.
  2. 2,0 2,1 Силјан, Раде; Смилевски, Веле; Цветкоски, Бранко (1987). Македонски писатели. Скопје: Друштво на писателите на Македонија. стр. 150.
  3. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 160.