Врба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Врба
Жална врба
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледонски растенија
Ред: Малпигиовидни
Семејство: Врби
Род: Врба Л.
Видови

Околу 350. Видете: Видови врби

Врбата е листопадно дрво или грмушка од родот Salix, дел од семејството Врби.

Во светот постојат околу 350 видови врби, кои виреат главно на влажни почви со поладни зони на северната полутопка. Листовите им паѓаат на есен, најчесто се со долгнавест, но кај некои и кружен до овален облик со назабени рабови. Врбата е диециозна со тоа што машките и женските цветови, во облик на реси растат на засебни стебла; ресите излегуваат рано на пролет, обично пред лисјата или пак кога лисјата почнуваат да се отвораат. Плодот ѝ е мала чашка која содржи бројни минијатурни (0.1 мм) семиња поставени во бели пердувчиња, кои помагаат во разнесувањето на семињата. Врбите се многу вкрстителни растенија и имаат многу хибриди кои можат да бидат природни и вештачки создадени.

Некои врби, особено арктичките и алпските видови, се многу мали; Џуџестата врба (Salix herbacea) ретко расте над 6 см во висина, иако таа нашироко расте по земјата.

Жалната врба, широко распространето украсно дрво, е сорта, Salix × sepulcralis 'Chrysocoma', вкрстена од кинеската Пекиншка врба и европската Бела врба.

Речиси сите врби веднаш пуштаат корени од гранчиња кои се исечени или кои лежат скршени на земјата. Тука има неколку исклучоци како Ивата и Прасколисната врба.

Лековитост[уреди | уреди извор]

Покрај најразните употреби во многу индустриски гранки, врбата се користи и за лекови. Кората од врбата се споменува во стари ракокписи од Асирија, Сумерија и Египет како лек против болки и грозница, а старогрчкиот лекар Хипократ пишувал за медицинските својства на врбата во V век п.н.е.. Индијанците го користеле за многу медицински намени.

Активниот екстракт од кората, наречен салицин, бил излолиран до кристализиран облик во 1828 од страна на францускиот фармацевт Анри Леро, а рафаеле Пирија, италијански хемичар, потоа успеал да ја одвои киселината во чиста состојба. Салицинот во заситен раствор со вода (pH = 2.4) се нарекува салицилна киселина.

Во 1897 Феликс Хофман создал синтетички променета варијанта на салицинот (во неговиот случај добиен од Spiraea), која правела помалку проблеми со варењето од салицинот. Новиот лек, формално наречен Ацетилсалициклична киселина или наречен уште аспирин од страна на Хофмановиот работодавач Бајер АГ. Од ова произлегла класа лекови од огромно значење позната како нестероидни противвоспалителни лекови.

Врбата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски и наводи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 46.
  2. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 113.
  3. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 19.
  4. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 234-235.
  5. Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.
  6. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 47-56.