Нож

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џебен нож

Нож (множина: ножеви) — рачно орудие со изострени рабови. Некои типови на ножеви се користат како прибор, како прибор за јадење се поставуваат на трпеза, или како кујнски прибор (пример: нож за сечење леб, отворач). Многу видови се користат како алатка, на пример нож кој го користат војниците, џебен нож кој го користат туристите и ловечки нож кој го користат ловците. Ножевите исто така се употребуваат и за традиционални и верски цели, како ножот кирпан, а може да се користат и за војна и спортска намена. Некои типови на ножеви се користат дури и во земјоделството, односно во собирањето на храна (пример, срп, коса), а се комбинираат и жетварски ножеви.

Ножевите се алатки кои се користеле најмалку пред два и пол милиони години, како што е потврдено со олдуванските алатки[1][2]. Првично се изработени од камен, коска и опсидијан, а со развојот на технологијата се произведувале од бронза, бакар, железо, челик, керамика и титаниум. Неколку култури имаат измислено нивни верзии на ножеви. Поради својата улога како прва алатка на човештвото, некои култури имаат додадено и духовно и религиозно значење на ножот[3].

Повеќето денешни модели на ножеви го следат стилот на фиксно сечило и на преклоп, а моделот и стилот на изработка варираат во зависност од произведувачот и земји на потекло.

Острица[уреди | уреди извор]

Острицата на ножот може да биде произведена од разни видови материјали. Јаглеродниот челик може да биде многу остар. Острицата останува остра по подолго време и лесно може да се наостри повторно, но со време може да се појават `рѓа и флеки. Нерѓосувачкиот челик не е многу остар како јаглеродниот челик, но е отпорен на `рѓосување. Високојаглеродниот челик е комбинација на најдобрите квалитети од претходните два вида челик. Острицата од овој вид челик не ја менува бојата и останува остар подолго време. Ножевите од ламинат се произведуваат од повеќе видови метали. Сепак острицата е подложна на корозија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. No. 1 The knife- Forbes.com“, 31 август 2005.
  2. „Early Human Evolution: Early Human Culture“. http://anthro.palomar.edu/homo/homo_3.htm. 
  3. Kertzman, Joe (2007). Art of the Knife. Iola, WI: Krause Publications. стр. 3–6. ISBN 978-0-89689-470-9. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]