Куче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Припитомено куче
Период: Late Pleistocene – Recent
Лабрадор Ретривер
Заштитен статус
Припитомен
Научна класификација
Царство: Животни
Потцарство: Eumetazoa
Колено: Хордати
Потколено: ‘Рбетници
Класа: Цицачи
Поткласа: Живородни цицачи
Ред: Carnivora
Подред: Кучевидни
Фамилија: Canidae
Потфамилија: Caninae
Племе: Canini[1]
Род: Canis
Вид: C. lupus
Подвид: C. l. familiaris
Триномен назив
Canis lupus familiaris
Синоними
  • Canis familiaris
  • Canis familiaris domesticus
Куче

Куче или пес (Canis lupus familiaris)[2] е припитомен подвид на сивиот волк, кучињата се цицачи од редот на Carnivora (ѕверови односно месојади). Кучето е припитомено од човекот и служи како негово милениче. Кучињата се доста интелигентни и освен што служат за домашно милениче тие служат и како чувари на домот и семејството од кое е одгледувано и сл. Според најновите истражувања се смета дека низ цел свет има околу 400 милиони кучиња.[3]

Кучето се разввило во стотици различни раси. Мерено од гребенот на кучињата се има заклучено дека има кучиња од неколку инчи како на пример Чивавата па се до кучиња со неколку стапки како Ирскиот Волчар. Бојата варира најчесто од бела до сива па се до црна и од кафена до жолто-кафена (темна и светла). И крзното може да им биде доста кратко или пак доста долго, влакната може да им бидат од виткани до прави и мазни па се до густи и рапави[4]

Физички карактеристики[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Анатомија на куче.
Поврзано: Здравје на кучињата

Денешните кучешки раси покажуваат повеќе варијанти на големина, изглед и однесување повеќе од кое било друго домашно животно. Иако се далеку од нив, кучињата имаат малку сличности со своите предци, волците. Кучињата покрај сѐ се предатори, што значи имаат оштри заби и цврсти вилици за напаѓање, гризање и кинење на својата храна. Иако со текот на времето како што расите на кучињата се повеќе се разликуваат сепак сите тие ги имаат истите основни карактеристики на нивните предци, сивите волци. Тие имаат и цврсти мускули, добри коски, циркулаторен систем кој ги поднесува и трчањето и жилавоста и заби за гризање и кинење.

Вид[уреди]

Како повеќето цицачи, кучињата се дихромати и имаат црвено-зелен вид.[5][6][7] Различни видови на кучиња имаат различни облици и димензии на очите и исто така имаат и различни видови на мрежници на окото.[8] Кучињата со долги носа имаат таканаречени видни линии кои поминуваат низ мрежницата на окото што им дава доста широко видно поле од каде имаат одлична визија, додека тие со пократки носа имаат таканаречени „area centralis“, централни делчиња кои имаат три пати подлабоки нервни завршетоци како тие на видните линии, што има дава подетален вид доста сличен на тој на човекот.

Некои раси, највеќе ртовите (загарите), имаат видно поле до 270° (споредувајќи го со видното поле оф 180° како што е на човекот), а всушност некои раси поточно тие со пократки носа имаа помало видно поле, скоро 180°.[5][6]

Прва Помош при гризнување од куче[уреди]

Иако вообичаенои гризнувањето на куче не е фатално по вашето здравје сепак потребно е да се грижи прва помош на секоја рана што е можно побрзо со цел да не се дозволи да дојде до инфекциј. Како да спречите инфекција При мала-рана Гребнатинки кој не крварат измите го Гризнатото место со благ сапун и вода а потоа пребриши ја раната со чиста сува Крпа. Доколку раната крвари претиснете над раната со завој или чиста крпа. Откако ке престане крварењето Раната премачкајте ја со Антибиотска маст и преврзи ја со чист завој. Кога Да Консултирате со доктор Доколку имате рана на вашето лице, нога или рака доколку раната зафаќа Голема површин. Докторот ке провери дали при Гризнувањето дошло до оштетоување на некоја нерв,тетива Или коска. Доколку се сомневате дека сте се здоболиле со повреда на некој нерв,голем крвен сад, тетива или се смоневате дека имате скршена коска или било која друга сериозна повреда. Доколку раната покажува знаци на Инфекција (Црвенили,појава на гној подрачја,оток)или доколку по гризнувањето се појави треска.


Боја на крзно[уреди]

На сите кучиња бојата на крзното и крзното им се различни тоа зависи од влакната кои можат да бидат долги или кратки а некој може и да немаат влакна зависи какви ссе кучињата .


Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Macdonald, David; Claudio Sillero-Zubiri (2004). „The Biology and Conservation of Wild Canids“. Oxford: Oxford University Press. стр. 45–46. ISBN 0198515561. 
  2. „ADW: Canis lupus familiaris: Information“. Animaldiversity.ummz.umich.edu. http://animaldiversity.ummz.umich.edu/site/accounts/information/Canis_lupus_familiaris.html. конс. 5 ноември 2008. 
  3. Coppinger, Ray (2001). „Dogs: a Startling New Understanding of Canine Origin, Behavior and Evolution“. New York: Scribner. стр. p352. ISBN 0684855305. 
  4. The Complete dog book : the photograph, history, and official standard of every breed admitted to AKC registration, and the selection, training, breeding, care, and feeding of pure-bred dogs. Publisher New York: Howell Book House, 1992. ISBN 0-87605-464-5
  5. 5,0 5,1 A&E Television Networks (1998). Big Dogs, Little Dogs: The companion volume to the A&E special presentation, A Lookout Book, GT Publishing. ISBN 1-57719-353-9 (hardcover).
  6. 6,0 6,1 Alderton, David (1984). The Dog, Chartwell Books. ISBN 0-89009-786-0.
  7. „Dr. P's Dog Training: Vision in Dogs & People“. 1998. http://www.uwsp.edu/psych/dog/LA/davis2.htm. конс. 6 јуни 2008. 
  8. „Catalyst: Dogs' Eyes“. Australian Broadcasting Corporation. 2003-09-25. http://www.abc.net.au/catalyst/stories/s953902.htm. конс. 26 ноември 2006.