Анджеј Стасјук

Од Википедија — слободната енциклопедија

Анджеј Стасјук (полски: Andrzej Stasiuk; 1960, Варшава, Полска) — полски писател, поет, драматург, есеист, публицист и издавач.

Анджеј Стасјук

Животопис[уреди | уреди извор]

Во средношколските денови, Стасјук бил избркан најпрвин од гимназијата, а потоа и од средното техничко училиште. Тој бил активист на движењето „Слобода и мир“, дезертирал од војската и бил осуден на затворска казна од година и половина. По излегувањето од затворот водел бурен боемски и рокерски живот, но во 1986 година ја напуштил Варшава и се преселил во изнајмена куќа во селото Чарне, во близината на границата со Словачка. Неколку години подоцна се преселил во селото Воловјец во близината на Магурскиот национален парк, каде живее и ден-денес со сопругата Моника Шнајдерман, водејќи ја својата издавачка куќа „Чарне“ .[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Стасјук е еден од најпознатите и најпреведуваните европски писатели од средната генерација. Тој е добитник на бројни полски и меѓународни награди. Дебитирал со збирката раскази „Ѕидовите на Хеврон“ во која го опишал своето затворско искуство. Негови поважни дела се: „Белата врана“ (1995), „Приказни од Галиција“ (1995), романотДевет“ (1999), „На пат за Бабадаг“ (2004), „Фадо“ (2006) и збирката раскази „Грохов“ (2012).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 381.