Жарко Кујунџиски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жарко Кујунџиски
Zarko Kujundziski.jpg
Занимање писател

Жарко Кујунџиски (роден на 19 мај 1980 во Скопје) е македонски прозаист и драмски автор. Ги објавил романите Spectator (2003), Америка (2006) и Најдено загубено (2008), книгата драми Ендрју, љубов и други непогоди (2004) и колекцијата раскази од 2010 година насловена како 13.[1]

Spectator е првиот дебитантски роман во македонската книжевност со пет изданија.

Во своите дела Кујунџиски се занимава со комплексните односи меѓу единките во современото општество, невозможноста да се воспостави целосна емотивна комуникација, поради личните преобликувања и преобразби на впечатливите ликови кои најчесто се хиперсензитивни и кршливи, како и со процесите на претворање на материјалното во метафизичко.

Ги превел од англиски Појадок кај Тифани од Труман Капоти (2006) и Евтини приказни од Квентин Тарантино и Роџер Евари (2008).

Добитник на петнаесеттина награди за најдобар краток расказ, драмски текст и есеј. Во 2003 година ја добил наградата "13 Ноември".

Во ноември 2009 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ја одбранил магистерската теза „Аспекти на микрофикцијата - врз примери од американската и македонската книжевност“.

Моментално е уредник на e-zine-от Репер (www.reper.net.mk) и неделен колумнист во дневниот весник „Дневник“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Republička zaednica na kulturata (2007). Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja (55 издание). Kn-vo "Kočo Racin". 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]