Труман Капоти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Труман Капоти

Труман Капоти (30 септември 1924 – 25 август 1984) е американски романсиер, сценарист, драматург и актер, многу од чии раскази, романи, драми и документаристики се признаваат како литературни класики, вклучувајќи ја новелата Појадок кај Тифани и Во Ладна Крв - пресвртница во популарната култура. Во 1970 година тој го одржувал неговиот статус на славна личност појавувајќи се на телевизиски дебатни емисии.