Антолог
Антолог - македонска издавачка куќа со седиште во Скопје.
Историја, организација и менаџмент
[уреди | уреди извор]Антолог е основан во 1999 година од самостојниот уметник и писател Александар Кујунџиски, како продолжение на долгата и разновидна уметничка традиција на семејството Кујунџиски. Во првата деценија од постоењето (1999-2008), издавачката куќа Антолог, покрај oбјавувањето на делата на трите генерации писатели во семејството Кујунџиски, се зафаќа со првиот голем проект - приредување неколку капитални антологии со „бесмртните мисли“ на поединци и народни мудрости од цел свет, вклучително и од Македонија. Од 2009 година, Антолог засилено ги проширува своите активности: најпрво, издаваштвото се насочува кон објавување на класични и современи автори, објавувајќи внимателно одбрани дела од домашната и од светската книжевност – романи, поезија, бестселери, хаику, литература за деца, хумор и сатира, драми, раскази, антологии итн. Во овој период се оформени дваесетина едиции, а започнуваат изложувања на Саемот на книга во Скопје и гостувања на Саемот на книга во Франкфурт, а истовремено започнува издавањето на е е-списанието „Репер“ (www.reper.net.mk).
Како влог во интеркултурната и интерјазичната размена, во 2015 година, Антолог го основа Првиот фестивал на Европска литература во Македонија, „Букстар“, во чии рамки гостувале дваесетина европски автори при што биле организирани 50-тина настани, промоции, филмски проекции, разговори, дебати, тркалезни маси и музички концерти. Во 2015 година, во Дебар Маало, Антолог го отворил и својот прв Книжевен центар „Антолог“, додека две години подоцна, во центарот на Скопје била отворена Книжарницата „Антолог“.
Седиштето на Антолог се наоѓа во Скопје, во Дебар Маало, на адреса: ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29, локал 1, а официјалната адреса за електронска пошта е: antolog@gmail.com.[1] Главен и одговорен уредник на „Антолог“ е Жарко Кујунџиски.[1]
Каталог на изданија
[уреди | уреди извор]Каталогот на „Антолог опфаќа повеќе изданија, како:[2][3][4]
- Александар Кујунџиски, „Надојдени реки“ (2002)
- Марина Мијаковска, „Номадска душа“ (2010)
- Франц Кафка, „Америка“ (2011)
- Џорџо Манганели, „Центурија“ (2012)
- Есмахан Ајкол, „Убиство во хотел Босфор“ (2014)
- Владимир Јанковски, „Невидливи љубови“ (2015)
- Одни Еир, „Земја на љубовта“ (2016)
- Елин Хилдебранд, „Трач“
- Гуљелмо Мартинес, „Бавната смрт на Лусијана Б.“
- Дарко Ангеловски, „Душевен санаториум“
- Мерсиха Исмајлоска, „Вкрстување на световите“
- Стефан Марковски, „По трагата на белиот грифон“
- Ставре Џиков, „Завет за Македонија“
- Елена Конеска, „Еднаш одигравме љубов“
- Милчо Мисоски, „Изневерено време“
- Катерина Џатева, „Зајдисонце“
- Биљана Стојановска, „Зборовите немаат значење“
- Адријана Ананиева, „Срце на тротоарот“
- Ања Кузмановска, „Исконска тага“
- Велко Неделковски, „Златко-Златец“
- Александар Кујунџиски, „И строфите растат“
- Давид Машадо, „Просечен индекс на среќата“
Библиотека „Бранови“
[уреди | уреди извор]- Роберто Арлт, „Седумтемина луди“ (2016)
- Станислав Лем, „Едем“ (2020)