Бранко Ќопиќ
Бранко Ќопиќ | |
---|---|
Роден/а | 1 јануари 1915 Хашани, Босна и Херцеговина, Австроунгарија |
Починат/а | 26 март 1984 Белград, СР Србија, СФР Југославија | (возр. 69)
Занимање | романсиер, раскажувач |
Националност | Југословен |
Бранко Ќопиќ (српски: Бранко Ћопић; 1915-1984) бил југословенски писател.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Бранко Ќопиќ е роден во селото Хашани, под планината Грмеч, во близина на Босанска Крупа. Во тоа време неговиот татко Вид, кој бил војник во австроунгарската војска, се борел на фронтот на Карпатите, а неговиот чичко Ниџо, кој бил српски доброволец, се борел во српска војска. На возраст од четири години, Бранко го загубил татка си и за него и брат му понатаму се грижеле мајка му Соја, дедото Раде и стрикото Ниџа. Ќопиќ го поминал најраното детство во родниот крај, каде што од најрано доба ја спознал трагедијата на својот народ. Првата книга што ја прочитал била „Мигел Сервантес“ што ја купил од учителката, а во која бил опишан живот на шпанскиот писател Мигел де Сервантес, како и неколку извадоци од неговиот роман „Дон Кихот“. Наобразбата ја стекнал во учителското училиште во Бања Лука и во Сарајево, а кое го завршил во Карловац. Образованието го продолжил на Филозофски факултет при Универзитета во Београду. Во пресрет на Втората светска војна тој бил во училишниот баталјон во Марибор, а по нападот на Југославија, заедно со своите другари, се обидел да му даде отпор на непријателот во близина на Мркоњиќ град. Потоа, заминал во родниот краај откаде меѓу првите стапил во редот на партизаните во народноослободителната војна против фашизмот. Во време на војната, тој бил воен дописник, заедно со својот најдобар пријател и кум, Скендер Куленовиќ.
Творештво[уреди | уреди извор]
Свое прво печатено дело, Ќопиќ го објавил во младинското списание „Венац“ во 1928 година. Веќе како студент тој го свртел вниманието на книжевната критика, а првата значајна награда „Милан Ракиќ“ ја добил во 1939 година. По Втората светска војна, најпрвин бил уредник во детските списанија во Белград, а потоа почнал професионално да се занимава со книжевност.
Ќопиќ се смета за еден од најголемите детски писатели во јужнословенската литература. Неговите дела се преведени на голем број светски јазици, а според нив се реализирани бројни ТВ-серии и филмови. Тој бил член на САНУ и на АНУСРБиХ. Неговото книжевно дело било одликувано со голем број значајни награди, вклучувајќи ги и највисоките државни награди на Југославија: Наградата „АВНОЈ“ и Његошевата награда (двете во 1972). Неговите прозни дела се карактеризираат со лирско и пластично реалистичко сликање на селскиот живот, со длабоко познавање на психологијата, менталитетот и јазикот на луѓето од неговиот роден крај“.[2] Тој создал впечатливи ликови, полни со патриотски дух, доблести, секогаш подготвени на херојски дела. Во негово творештво на почеток на 1950-тите е забележителен судирот со општествените движења кои ги преточува во сатира, поради што бил нападнат од тогашниот политички врв. Осуда на неговата сатира упатил и Тито, но тој забранил Ќопиќ да биде уапсен. Освен раскази, Ќопиќ пишувал романи, новели и поезија. Во книжевноста останал запомнет според специфичниот хумор кои неговите ликови го искажуваат и во најмачните мигови на животот. Неговото детско творештво имало посебно место во лектирите на некогашните југословенски простори.
Книжевно дело[уреди | уреди извор]
Раскази[уреди | уреди извор]
- Под Грмеч, 1938,
- Борците и бегалците , 1939,
- Планинци, 1940),
- Роса на бајонетите, 1946,
- Светото магаре, 1946,
- Сурово училиште, 1948,
- Луѓе со опашка, 1949,
- Избрани воени раскази, 1950,
- Избрани хумористични раскази, 1952,
- Љубов и смрт, 1953,
- Драги ликови, 1953,
- Доживувањата на Николетина Бурсаќ, 1955,
- Горчлив мед, 1959,
- Градината со слезова боја, 1970,
- Василиса и монахот, 1975,
- Скитите го бркаат зајакот, 1977,
Романи[уреди | уреди извор]
- Пролом (1952),
- Глув барут (1957),
- Не тагувај бронзена стражо (1958)
- Осмата офанзива (1964),
- Делии на Бихаќ (1975);
Поезија[уреди | уреди извор]
- Огнено раѓање на татковината (1944),
- Песни (1945),
- Пролетта на воинот (1947);
Комедии[уреди | уреди извор]
Дела за деца[уреди | уреди извор]
- Во светот на мечките и пеперутките (1940), раскази
- Приказните на партизанката (1944), раскази
- Песните на пионерката (1945), поезија
- Бојната лира на пионерите'' (1945), поезија
- Дружината на јунаците (1945), раскази
- Бајка за сестрата Ковиљка (1946), новела
- Доживувањата на кумата Торба (1946), раскази
- Вратоломни раскази (1947), раскази
- Армијата, одбрана твоја (1947), поезија
- Сончевата република (1948), поезија
- Рударот и месечината (1948), поезија
- Ежевата куќарка (1949), песна
- Приказни под змаевите крила (1950), раскази
- Петелот и мачката (1952), раскази
- Доживувањата на мачорот Тошо (1954), раскази
- Лалај Бао, волшебната шума (1957), поезија
- Орлите рано летаат (1957), роман
- Партизански тажни бајки (1958), раскази
- Вечерни приказни, (1958), приказна во стихови
- Млинот на дедо Триша (1960), поезија
- Приказните на занесеното момче (1960), раскази
- Магарешки години (1960), роман
- Славно војување (1961), роман
- Битка во Златната долина (1963), роман
- Мала моја од Босанска Крупа (1971), песни
- Главата во долината, нозете на вранецот (1971), раскази
- Лисецот ги води караваните (1975), раскази.
Собрани дела[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
|