Магарешки години
Романот, Магарешки години, на Бранко Ќопиќ од 1960 година, ни го претставува растење на авторот помеѓу детството и зрелоста, но во делото може да се најде секој млад човек кој расте во безгрижни времиња и чии години се обележани со ученички проблеми и пубертетски немири.
Напишан е во хумористичен и донекаде носталгичен стил.[1]
Анализа на романот
[уреди | уреди извор]Насловот на романот „Магарешки години“ се однесува на немирните пубертетски години обележани со фантазии, палавштини, прва љубов.[2]
Дејството на романот се одвива во Бихаќ. Нараторот (Бранко) ја започнува приказната во сегашноста,при што ја опишува битката за Бихаќ во1942 година, во која учествувал и самиот, а потоа се присетува на деновите кога бил средношколец и живеел во ученички дом во 1930-тите. Романот нагло завршува со дејство кое уште еднаш се однесува на сегашноста.
Главните ликови во книгата се момчињата: раскажувачот Бранко, најсилниот во друштвото Бајо, Хамид од муслиманска вероисповед, нискиот и бестрашен Крсто, Дуле Дабиќ кој бил наглув и секогаш гладен, како и браќата близнаци Бранко и Ранко Мандиќ.[1]
Драматизација
[уреди | уреди извор]Како и многу други дела на Бранко Ќопиќ, романот Магарешки години бил драматизиран и изведен во детските театри низ бившата СФРЈ.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Магарешки години (филм)
- Бранко Ќопиќ
- Орлите летаат рано
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Лектира "Магареће године", приступљено: 30. јул 2016.
- ↑ „"Магареће године", knjizara.com, приступљено: 30. јул 2016“. Архивирано од изворникот на 2024-04-08. Посетено на 2024-04-08.