Мигел де Сервантес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мигел де Сервантес
Miguel de Cervantes
4
Портрет на Сервантес
Роден/а Мигел де Сервантес Сааведра
29 септември 1547(1547-09-29) (препост.)
Алкала де Енарес, Кастилја
Починат/а 22 април 1616(1616-04-22) (воз. 68 г.)
Мадрид, Кастилја
Занимање романописец, поет, драматург, војник
Јазик шпански
Националност Шпанец
Значајни делаДон Кихот
„Закуски“
Примерни новели

Потпис

Мигел де Сервантес (шпански: Miguel de Cervantes; 9 октомври 1547 - 23 април 1616) — шпански романописец и поет, автор на првиот реалистичен роман во шпанската книжевностДон Кихот“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мигел Сервантес де Саведра е роден во малото место Алкала де Енарес, како четврто од седумте деца на еден сиромашен благородник, кој на своето семејство му оставил само долгови. Како дворјанин на еден папски пратеник, Сервантес заминал во Италија, а таму станал војник при што учествувал во познатата поморска битка против Османлиите кај Левант, каде ја загубил левата рака. Кога се враќал од еден воен поход го заробиле гусарите и тој бил одведен во Алжир, каде поминал во ропство пет години пред да биде откупен. Во татковината се вратил во 1580 година, речиси како питач. Во селото Ескививијас, во близината на Мадрид, се оженил со Катарина де Паласио-Салазар од Возмедијан и морал да работи напорно за да го прехрани семејството. Најпрвин станал агент за набавка на масло и жито за Армадата (шпанската флота), а во 1594 година станал собирач на даноци, професија која носела малку пари, а многу омраза. Сепак, тој не се снашол во работата, неговите сметки никогаш не биле средени и поради тоа бил затворен во Севилја, а имотот му бил присилно распродаден.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

На почетокот на книжевното творештво, Сервантес бил поет и пишувал елегии и сонети. Потоа, за време на ропството во Алжир ги напишал драмитеНуманција“ и „Животот во Алжир“, кои биле објавени во 1584 година. Во нив, тој ги искажал љубовта кон татковината и кон слободата, борбата за праведност и за независност на човекот, итн. Иако овие драми се малку антички укочени и помалку драматични во споредба со делата на Лопе де Вега, сепак тие се посилни и помудри. Во 1585 година се појавил неговиот пастирски роман „Галатеја“ (инаку, неговото омилено дело) во кој ја опишува својата младешка љубов. Сепак, во идиличната атмосфера на романот, неговата моќ за набљудување ја губи острината, а неговиот дух ја губи моќта на изразување. Следното прозно дело на Сервантес е збирката „Примерни новели“, со поучна содржина во кои доаѓа до израз неговото мајсторство. Уште за време на престојот во затворот во Севилја, Сервантес почнал да го пишува своето ремек-дело, романотДон Кихот“.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Муабет: Жозе Сарамаго“: „Сè што имам прочитано, влијаело на мене на некој начин. Како постојани сопатници можам да ги споменам Кафка, Борхес, Гогољ, Монтењ и Севрантес." - FT.com (англиски)
  2. O. Bihalji-Merin, „Beleške o piscu“, во: Miguel Servantes, Uzorne priče. Beograd: Rad, 1963, стр. 137-138.
  3. O. Bihalji-Merin, „Beleške o piscu“, во: Miguel Servantes, Uzorne priče. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]