Страдањата и подвизите на Персил и Сигисмунда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Страдањата и подвизите на Персил и Сигисмунда
Los trabajos de Persiles y Sigismunda (1617).png
Насловна страница на прввото издание (1617)
АвторМигел де Сервантес
Наслов на
оригиналот
Los trabajos de Persiles y Sigismunda
ЗемјаШпанија
Јазикшпански
ЖанрРоманса, Византиски роман
Медиумпечатено

Страдањата и подвизите на Персил и Сигисмунда (шпански: Los trabajos de Persiles y Sigismunda) е романса или византиски роман на Мигел де Сервантес, неговото последно дело и дело што се спротивставува на познатиот роман Дон Кихот.[1] Додека Сервантес денес е познат првенствено по Дон Кихот, нашироко сметан за еден од најистакнатите класични романи на сите времиња, тој самиот верувал дека Персилите, како што накусо се нарекува ова дело, е негово крунско достигнување.[2] Тој го завршил само три дена пред смртта, и делото било објавено постхумно во 1617 година.[3]

Општо прифатената идеја за православен роман како византиска, неокласична и католичка епска романса, е оспорена во две книги на Мајкл Нерлих (2005)[4] и Мајкл Армстронг-Рош (2009).[5] Во 2016 година, во студии за одбележување на 400-годишнината од објавувањето на романот, уредникот Мерцедес Алкала Галан посочува дека новите толкувања на Персилите довеле до проширување на неговото значење.[6]

За одбележување на 400-годишнината, Реал Академија на Шпанија издала ново издание во 2017.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sacchetti, Maria (2001). Cervantes' Los trabajos de Persiles y Sigismunda: A Study of Genre. Tamesis Books. ISBN 978-1-85566-077-9.
  2. http://www.ems.kcl.ac.uk/content/proj/cerv/pers/pro-cerv-pers.html
  3. Canavaggio, Jean. „Miguel de Cervantes (1547-1616): Life and Portrait“. The Cervantes Project. Архивирано од изворникот на 2009-12-12. Посетено на 2011-05-21.
  4. Nerlich, Michael (2005). Le 'Persiles' décodé ou la "Divine Comédie" de Cervantes. Clermont-Ferrand: Presses Universitaires Blaise Pascal. ISBN 2845162944.
  5. Armstrong-Roche, Michael (2009). Cervantes' Epic Novel: Empire, Religion, and the Dream Life of Heroes in 'Persiles'. Toronto: University of Toronto Press. ISBN 9780802090850.
  6. eHumanista/Cervantes, vol 5 (2016), p. viii. http://www.ehumanista.ucsb.edu/cervantes/volumes/5
  7. Јубилејното издание, ПДФ верзија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]