23 април
Изглед
Предлошка:Април 2026 23 април — 113-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (114-и во престапна година). Остануваат 252 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1972 | Во Скопје е поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, кој е осветен на 12 август 1990 година. |
| 1982 | Пуштен е во продажба Зет-Икс Спектрум. |
| 1996 | УНЕСКО го промовира Светскиот ден на книгата, по повод годишнината од смртта на Сервантес, Шекспир и Де Ла Вега |
Родени:
| 1307 | Јована — ќерка на англискиот крал Едвард I. |
| 1823 | Абдул Меџит I — отомански султан. |
| 1858 | Макс Планк — германски физичар. |
| 1891 | Сергеј Прокофјев — руски и советски композитор. |
| 1899 | Бертил Олин — шведски економист и политичар. |
| 1907 | Ли Милер — американска фотографка. |
| 1928 | Ширли Темпл — американска глумица. |
| 1936 | Рој Орбисон — американски рок-музичар. |
| 1948 | Енвер Мариќ — босански и југословенски фудбалски голман. |
| 1948 | Паскал Кињар — француски писател. |
| 1952 | Мирка Велиновска — македонска новинарка. |
| 1954 | Мајкл Мур — американски режисер. |
| 1954 | Ксенија Еркер — хрватска поп-пејачка и композиторка. |
| 1960 | Стив Кларк — англиски рок-музичар, член на групата Деф лепард (Def Leppard). |
| 1970 | Егемен Багиш — турски политичар. |
| 1972 | Патриција Мантерола — мексикански модел. |
| 1977 | Кристијан Зенони — италијански фудбалер. |
| 1985 | Тони Мартин — германски велосипедист. |
| 1986 | Антон Понкрашов — руски кошаркар. |
| 1988 | Антон Карпухов — руски одбојкар. |
| 1997 | Влатко Стојановски — македонски фудбалер. |
Починале:
| 1200 | Џу Си — најзначајниот филозоф на конфуцијанството по самиот Конфуциј. |
| 1616 | Вилијам Шекспир — англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот. |
| 1616 | Мигел де Сервантес — прочуен шпански писател, автор на првиот реалистичен роман во шпанската книжевност, „Дон Кихот“. |
| 1850 | Вилијам Вордсворт — англиски поет. |
| 1922 | Влахо Буковац — истакнат хрватски сликар. |
| 1990 | Полет Годар — американска филмска и театарска глумица. |
| 1991 | Џони Тандерс — американски рок-музичар. |
| 1998 | Константин Караманлис — грчки политичар. |
| 2007 | Борис Елцин — руски претседател. |
| 2023 | Тори Боуви — американска атлетичарка. |