Мирка Велиновска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мирка Велиновска
Роден(а)23 април 1952
Скопје, Република Македонија
Занимањеновинар
политички аналитичар
Активен период1980-денес

Мирка Велиновска (Скопје, 23 април 1952) — македонски новинар и политички аналитичар.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Велиновска е родена во Скопје на 23 април 1952 година. Завршила Филозофски факултет - историја на уметноста, студирала ориенталистика во Белград и класичен англиски јазик на Кембричкиот универзитет. Од 1980 година во Културната редакција на МРТВ, а од наредната година во Внатрешно-политичката рубрика на „Вечер“. Во периодот 1990/98 година се афирмирала како коментатор во неделникот „Пулс“. Еден од основачите на неделникот „Старт“ во 1999 година и на неделниот магазин „Зум“. Таа е независен новинар во водечкиот политички неделник „Фокус“, сега во „Нова Македонија“. Соработувала со Дојче Веле, „Срч фор граунд“ и Институтот за војна и мир во Лондон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јорданов, Јордан (2008). Македонија: Корени и аргументи. Самоиздаватетелство.