Прејди на содржината

Зет-Икс Спектрум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зет-Икс Спектрум од 1982.

Синклер Зет-Икс Спектрум (анг. Sinclair ZX Spectrum) — 8-битен домашен сметач произведен во Обединетото Кралство од 1982 од Sinclair Research Ltd. Името на машината (спектрум) требало да потенцира дека работи со екран во боја, за разлика од својот претходник, Зет-Икс 81.[1]

Спектрум бил еден од првите сметачи во Обединетото Кралство за широка употреба и имал слично значење во популаризацијата на домашните сметачи како и неговиот пандан од САД - Комодор 64. Појавата на Спектрум довела до бум на фирми што произведувале програми и опрема за него. Ефектите од ова се видливи и денес.[2]

Матичната плоча на Зет-Икс Спектрум 48K (Верзија 3B — 1983).

Спектрум е заснован на Зилог 80А (Xylog 80A) централен процесор кој работи на 3,5МХз. Има 16кБ РОМ и 48кБ РАМ меморија (првите верзии имале 16кБ РАМ). Електронскиот дизајн е на Ричард Алтвасер, а надворешниот изглед на Рик Дикинсон, обајцата вработени на Синклер Рисрч.[3]

СМетачот не користел специјален монитор, туку стандарден телевизор од тоа време преку внатрешен РФ модулатор и антенски приклучок. Текстот се прикажувал во матрица од 24 реда со по 32 знаци во секој ред. Во графички мод на работа секој од тие елементи на матрицата имал 8х8 точки (пиксели), па вкупната резолуција била 256х192 точки. Боите се дефинирале во 15 нијанси: 7 бои со по две нивоа на осветленост плус црна.[4]

Звукот го произведувал преку внатрешен еднотонски бип способен да продуцира 10 октави и 10 полутона.

СМетачот имал и надворешен бас за проширување со специјален приклучник, аудио влез и излез за поврзување со касетофон. Касетофонот служел и за вчитување и снимање на програмски код и податоци од и во сметачот.

Тастатурата била гумена, слично на калкулаторите од тоа време.

Спектрум користел БЕЈЗИК интерпретер кој бил вчитан во РОМ меморијата со основните системски рутини.

Надворешните димензии биле 233x144x30 (ШхДхВ) и тежел околу 552грама. Користел надворешно напојување со трансформатор.

Програми

[уреди | уреди извор]
Екран од Ребелстар, позната игра за Спектрум.

Спектрум имал многу голема база на корисници. Бидејќи бил евтин и едноставен за користење, Спектрум бил почетна точка во кариерата на многу програмери од тоа време. Биле произведени преку 14.000 програмски наслови, за Спектрум во само неколку (2-3) години додека бил актуелен.[5] И покрај тоа што повеќето биле игри, имало и разни програмски јазици, бази на податоци, обработувачи на текст, табели и др.

Програмите се дистрибуирале преку аудио-касети,[6] и покрај разликите во квалитетот на репродукцијата на звукот, снимањето на програмите од и во сметачот било прилично успешно.

  1. Klooster, Erik. „SINCLAIR ZX SPECTRUM : the good, old 'speccy'. Computer Museum. Посетено на 2006-04-19.
  2. „Како „Спектрумот" започна револуција“. Би-би-Си. 23 април 2007. Посетено на 2007-06-05. (англиски)
  3. Owen, Chris. „ZX Spectrum 16K/48K“. Planet Sinclair. Посетено на 2006-08-15.
  4. Vickers, Steven (1982). „Introduction“. Sinclair ZX Spectrum BASIC Programming. Sinclair Research Ltd. Посетено на 2006-08-23.
  5. Heide, Martijn van der. „Archive!“. World of Spectrum. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2006-08-11.
  6. Vickers, Steven; and Bradbeer, Robin (1982). „6. Using the cassette recorder“. Sinclair ZX Spectrum: Introduction. Sinclair Research Ltd. стр. 21. Посетено на 2007-08-10.