Прејди на содржината

Бит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Десетични
Вредност  SI 
1000 кбиткилобит
10002 Мбитмегабит
10003 Гбитгигабит
10004 Тбиттерабит
10005 Пбитпетабит
10006 Ебитексабит
10007 Збитзетабит
10008 Јбитјотабит
10009 Рбитронабит
100010 Квбиткветабит
Двоични
Вредност  IEC  JEDEC 
1024 Кибиткибибит КбитКбкилобит
10242 Мибитмебибит МбитМбмегабит
10243 Гибитгибибит ГбитГбгигабит
10244 Тибиттебибит
10245 Пибитпебибит
10246 Еибитексбибит
10247 Зибитзебибит
10248 Јибитјобибит

Битединица мерка за информација. Второто име го добила според научникот Клод Шанон. Toj во 1948 година преку своето дело „Математичка теорија на комуникациите“ ја поставил основата на науката којашто подоцна ќе го добие името „теорија на информациите“.

Битот може да има вредност 0 или 1. Најголемата употреба на оваа мерка е во сметачката индустрија каде што сите сметачки делови работаат со битови. Со 0 се означува дека не тече струја, додека со 1 се означува дека има струја во елементот. Тие се групираат во низа од 8 битови кои се нарекуваат бајт.

Ако го гледаме од логичка страна битот претставува логичка нула(негативна вредност) или логичка единица (позитивна вредност).

Дефиниција

[уреди | уреди извор]

Доколку даден извор е способен да емитува N различни и еднаквоверојатни пораки, тогаш информацијата што ја содржи секоја порака изнесува логаритам со основа два од N. Овој број има единица мерка шанон. Значи, доколку еден извор е способен да емитува само две пораки, тогаш секоја порака содржи информација од еден шанон.

Постојат и други единици мерки за информација. Обично тие се разлкуваат во основата на логаритмот во формулата за пресметување.

Во литературата оваа единица мерка најчесто се бележи со Sh.